Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија

makedonski-telekom-go-najavi-partnerstvoto-so-rakometnata-federacija-na-makedonija-01.jpg

  • Ракометарите ќе играат на Европското првенство со подршка на новиот спонзор Македонски Телеком
  • Телеком ќе носи 50 среќни добитници да ги бодрат нашите ракометари во Загреб на натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора на 15 јануари
  • Ексклузивно за време на првенството, корисниците добиваат бонус од 3000 денари за купување на смартфон во новиот Smart M и новата Magenta 1 M

Пред самиот почеток на Европското првенство во Хрватска, Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија.

Ракометарите во Загреб ќе се борат за победа со подршка на новиот спонзор, Македонски  Телеком.

Партнерството беше официјализирано на прес конференција на која присустваа Главниот извршен директор на Македонски Телеком, г-дин Андреас Елснер,  претседателот на Ракометната федерација на Македонија,  г-дин Живко Мукаетов и селекторот на Ракометната федерација,  г-дин Раул Гонзалес.

„Договорот за партнерство меѓу овие два успешни тима дојде многу природно - Македонски Телеком ја има најдобрата и најсигурна мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешниот спорт во Македонија, во континуитет, години наназад. Нашата цел е да овозможиме што подобри услови за врвни спортски резултати, а согласно амбициите и плановите на нашата репрезентација, верувам дека ќе имаат успешна игра на Европското првенство  и им посакувам многу понатамошни победи“ – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

За фановите кои сакаат да ги бодрат нашите ракометари, Телеком ќе носи 50 среќни добитници во Загреб  на натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора на 15 јануари (повеќе информации на www.telekombus.com).

Дополнително, сите корисници, кои во периодот на првенството ќе ги изберат новиот Smart M и новата Magenta 1 M, добиваат 3.000 денари бонус за купување на нов смартфон.

Македонија на Европското првенство во Хрватска ќе игра во група со Германија, Словенија и Црна Гора. Плановите се пласман во главната фаза и продолжување меѓу најдобрите 12 репрезентации.

makedonski-telekom-go-najavi-partnerstvoto-so-rakometnata-federacija-na-makedonija-02.jpg

makedonski-telekom-go-najavi-partnerstvoto-so-rakometnata-federacija-na-makedonija-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонски доктори со впечатлив моден стил - Врвни професионалци кои се грижат за изгледот Иако изгледаат впечатливо во униформа, многу македонски доктори пленат и кога ќе...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg