Преку уметност до адресирање и надминување на проблемите - Приказната за Трансформерите од Тетово и Штип

Во рамките на своите заложби за градење на силно цивилно општество и јакнење на демократските процеси, веќе четвртина век УСАИД ги поддржува граѓанските организации и младите ентузијасти во нивните заложби за подобрување на секојдневието на сите граѓани. УСАИД посветено работи и ги поддржува граѓанските организации во насока на промовирање на дијалог, зајакнување на нивните лидерски капацитети и учество во јавниот живот за прашањата од општествен интерес.

preku-umetnost-do-adresiranje-i-nadminuvanje-na-problemite-prikaznata-za-transformerite-od-tetovo-i-shtip-01.jpg

Поддршката на УСАИД допира до најразлични сегменти од општествено живеење, а една од долгорочните цели е да креира силно, гласно и самосвесно граѓанско општество кое има влијание и капацитет да ги надмине предизвиците и да создаде подобро секојдневие.

Пример за еден таков успешен проект се Тетовските и Штипските трансформери, чија што цел е да ги адресираат проблемите од нивното секојдневие и истите да ги постават високо на агендата на локалните власти, но и да влијаат врз свеста на нивните сограѓани.

Проектот “Transformers” – Трансформери, претставуваше еден сосема поинаков, креативен пристап чија  цел беше активно вклучување на граѓаните преку нивно уметничко изразување, културни и образовни техники, да придонесат кон подобар живот во локалните заедници. Трансформерите своите активности ги спроведуваа во два региони, и тоа штипскиот и тетовскиот регион, а проектот беше предводен од страна на Центарот за Балканска Соработка - Лоја од Тетово, во соработка со Здружението на текстилната и кожарската индустрија “Тивко мнозинство/ГЛАСНО" од Штип.

Во рамките на проектот, од страна на 40-тина млади волонтери и уметници кои поминаа различни обуки за развој на уметнички вештини, беа направени околу 20-тина уметнички инсталации и културни активности,  рефлектирајќи ги реалните проблеми на градовите Тетово и Штип и нивната околина.

Погледнете дел од генијалноста и креативноста на тетовските “Трансформери” и нивниот пристап при адресирање на проблемот со сообраќајот и сообраќајната култура во градот:

Штипјани пак, преку различни активности ги покренаа прашањата како: расчистување на речното корито на реката Отиња, повикувајќи ги граѓаните на ликовен фестивал како тие го замислуваат токму овој дел од градот; организираа натпревар во кошарка во воздух, чија цел беше да го посочат проблемот со недостаток на  соодветно игралиште за кошарка во градот; спроведоа активности за потенцирање на условите за работа на штипските текстилни

работници под наслов “The invisibles” – “Невидливите”, чија цел беше да се подигне јавната свеста за условите во кои работат штипските текстилни работници и резултираше со повторно отварање на дебата за правата на текстилните работници која потоа ја адресираше премиерот, ветувајќи негова посветеност за зголемување на минималните плати на работниците.

Трансформерите во Штип направија кино на отворено, со цел развивање на дискусија за потребите на граѓаните во културниот живот во нивната општина, неколку недели потоа, градоначачникот на Штип изјави ре-отварање на киното.

Во општина Теарце, трансформерите успеаа да направат автобуска постројка како потсетник за тој проблем кои долго се провлекувал во општината и претставувал проблем во целиот регион, локланите власти веднаш реагираа на активноста и изградија функционала автобуска постројка за граѓаните.

preku-umetnost-do-adresiranje-i-nadminuvanje-na-problemite-prikaznata-za-transformerite-od-tetovo-i-shtip-02.jpg

preku-umetnost-do-adresiranje-i-nadminuvanje-na-problemite-prikaznata-za-transformerite-od-tetovo-i-shtip-03.jpg

preku-umetnost-do-adresiranje-i-nadminuvanje-na-problemite-prikaznata-za-transformerite-od-tetovo-i-shtip-04.jpg

preku-umetnost-do-adresiranje-i-nadminuvanje-na-problemite-prikaznata-za-transformerite-od-tetovo-i-shtip-05.jpg

preku-umetnost-do-adresiranje-i-nadminuvanje-na-problemite-prikaznata-za-transformerite-od-tetovo-i-shtip-06.jpg

preku-umetnost-do-adresiranje-i-nadminuvanje-na-problemite-prikaznata-za-transformerite-od-tetovo-i-shtip-07.jpg

preku-umetnost-do-adresiranje-i-nadminuvanje-na-problemite-prikaznata-za-transformerite-od-tetovo-i-shtip-08.jpg

Иницијалната идеја на проектот – да им овозможи на граѓаните од различни заедници да го изразат нивното мислење за реалните проблеми и културата во рамките на интеркултурен и креативен процес беше прифатена широко прифатена и од страна на населението и од страна и на локалните власти. Дел од покренатите прашања веќе беа успешно изреализирани од страна на локалните власти, а дел од нив се наоѓаат на агендата за нивно решавање во следниот период.

preku-umetnost-do-adresiranje-i-nadminuvanje-na-problemite-prikaznata-za-transformerite-od-tetovo-i-shtip-09.png

*Текстот е комерцијален и во рамките на активностите на УСАИД за одбележување на 25-годишниот јубилеј од своето работење во Македонија.

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...

Најчитани неделава