Дојче Телеком е највреден европски телекомуникациски бренд

deutsche-telekom-e-najvreden-evropski-telekomunikaciski-brend-001.png

  • Компанијата достигна највисока вредност на брендот во својата историја
  •  Brand Finance Global 500 го прогласува највредниот бренд во светот

Дојче Телеком ја одбрани највисоката позиција како највреден телекомуникациски бренд во Европа, по кој следуваат Orange и Vodafone. Според рангирањето на Brand Finance Global 500, компанијата достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 40,2 милијарди УСД. Ова претставува зголемување од десет проценти во споредба со минатогодишната вредност. Од неговото повторно воведување во 2008, вредноста на брендот континуирано расте, и се зголеми за импресивни 352 проценти. Македонски Телеком како водечки национален телекомуникациски оператор е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година.

Секоја година, Brand Finance ги определува највредните брендови во светот. Според консултантската фирма со седиште во Обединетото Кралство, рангирањето на Дојче Телеком е одраз на стабилноста на стратегијата. Компанија успешно го продолжи својот позитивен деловен развој и минатата година, пришто истовремено направи долгорочни инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги, а сето тоа претставува основа за зголемување на вредноста на брендот. Исто така, компанијата успешно ја искористи својата одлична репутација како сигурен давател на телекомуникациски услуги во Германија за да го прошири своето деловно работење во Европа и Северна Америка. 

Дојче Телеком е исто така третиот највреден германски бренд во светот, после Mercedes-Benz и BMW. По нив следуваат Volkswagen и Siemens. Amazon е прогласен за највреден бренд  на глобално ниво, а зад него се наоѓаат Apple и Google.

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Антониа Гиговска стана заштитно лице на ракометен клуб: „Бев десен бек во основно, знам што значи же... „Од клубот ми кажаа дека ме избрале мене затоа што сакале женско лице, некој што...

Најчитани неделава