Каролина Гочева - заштитно лице на лидерот на високата мода Магнетик

Модната групација Магнетик ја најави својата нова соработка за 2018 година со нашата најголема ѕвезда Каролина Гочева, која ќе биде заштитно лице на една интересна кампања на тема ‘Што те прави тебе единствена?’

karolina-goceva-zastitno-lice-na-liderot-na-visokata-moda-magnetik.jpgфото: Лилика Стрезоска

Кампањата која е во подготовки ќе се одвива во текот на 2018 година каде преку неколку тематски видеа и фото-сесии ќе се прикажува една приказна за жената, за љубовта, за животот и секојдневието. Видеата и фотографиите ќе бидат направени на различни локации низ Македонија обидувајќи се да ги доловат локалните убавини, преку модата и уметноста и да ја раскажат приказната на секоја жена која се чувствува убаво во својата кожа.

Кампањата очекуваме да започне овој месец започнунвајќи со Италијанските брендови MARELLA by MaxMara и новиот ексклузивен моден бренд PINKO, а ќе продолжи со Liu Jo, Max&Co, Pennyblack и Weekend Max Mara.

Очекувајте прекрасни фотографии  и модни видеа преку кои ќе ја доживеете убавината на Каролина Гочева, најзиниот шарм и елеганција и уникатноста на овие брендови.

Повеќе од 25 години групацијата на модни брендови Магнетик постои кај нас и ги претставува едни од најдобрите светски брендови кај нас: Weekend Max Mara, Marella, Max&Co, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Gerry Weber, Motivi, Oltre, Fiorella Rubino, Carpisa и Yamamay.

Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео) „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина...
Каролина освестува со моќен апел: „Донирај орган, спаси нечиј живот, биди нечие чудо и стани бесмрте... „Биди причината што нечие срца продолжува да чука. Биди чудото за кое толку мног...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...

Најчитани неделава