Внесување големо количество протеини e задолжително за создавање мускулна маса и при физички активности

Секој ден бројни нутриционисти советуваат за правилна и здрава исхрана и за потребата од консумирање избрано селектирани продукти кои му се неопходни на организмот. Концептот на здрава исхрана не е ништо ново, меѓутоа дефиницијата за тоа што е здрава исхрана се менувала низ времето. Но, без разлика дали во минатото или денес, едно мислење е исто – производи кои создаваат најмногу проблеми во организмот и не се добри за него се оние кои содржат високо ниво заситени масти или шеќери.

vnesuvanjeto-golemo-kolicestvo-proteini-e-zadolzitelno-za-sozdavanje-muskulna-masa-i-pri-fizicki-aktivnosti-001.JPG

Да се создаде баланс во правилната исхрана е важно, особено за физички поактивни лица, односно за оние кои се занимаваат со спорт, рекреативно или професионално. Кога се работи за исхрана кај физички активни лица и спортисти, бројот внесени калории не е пресуден, бидејќи тие веќе имаат доволно познавање за тоа која храна им дава енергија, која им помага во создавање мускулна маса, односно со која слабеат кога им е потребно.

Меѓутоа, тоа што мора да се знае е дека правилото за исхрана пред тренинг значи дека оброкот треба да биде 2 до 3 часа пред почетокот со физичката активност. Сите знаат дека за создавање и одржување мускулна маса, протеинот има клучна улога, односно без негово внесување во доволно количество постигнување на спортски резултати е речиси невозможно.

Мирко Петровски, бодибилдер кој има освоено повеќе престижни награди во бодибилдингот секојдневно се среќава со луѓе кои немаат доволно време да подготват оброк со доволно протеини, па затоа вели дека новиот Нутри протеински леб од Жито Лукс е тоа што долго недостасуваше на македонскиот пазар бидејќи е еден од начините за внесување на потребните протеини.

„Внесување високо протеински намирници е важно и пред и по тренингот. Со Нутри протеинскиот леб од Жито Лукс, внесување протеини е многу полесно, без разлика дали имаме или не време да подготвиме оброк. Со него внесуваме природен протеин добиен од грав, а самиот леб е збогатен со семиња кои не само што влијаат на добриот вкус, туку и го збогатуваат нутритивниот состав на лебот“, истакна Петревски.

Нутри протеинскиот леб од Жито Лукс, содржи високо ниво протеин и ниско ниво шеќери и затоа претставува совршена намирница за создавање баланс во исхраната.

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...

Најчитани неделава