Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за четиригодишно школување во гимназијата „Нова“

Фондацијата „Борис Трајковски“ и Меѓународното училиште „Нова“ по 14. пат го распишаа конкурсот за стипендии за четиригодишно школување во гимназијата „Нова“. Повикот е отворен до 22 февруари и може да се пријавуваат деветооделенци  од цела Македонија кои се со одличен успех од петто до деветто одделение.

otvoren-konkursot-za-stipendiite-boris-trajkovski-za-cetirigodisnoto-skoluvanje-vo-gimnazijata-nova-04.jpg

Ќе бидат доделени три целосни стипендии, но учениците кои ќе влезат во вториот круг ќе може да аплицираат и за делумна финансиска помош со која ќе бидат покриени до 50 отсто од школарината.

Сите заинтересирани до 22 февруари треба да ја пополнат електронската апликација која може да се најде на веб-страницата на „Нова“ www.nova.edu.mk

otvoren-konkursot-za-stipendiite-boris-trajkovski-za-cetirigodisnoto-skoluvanje-vo-gimnazijata-nova-01.JPG

На 23 февруари ќе бидат организирани тестирања по англиски јазик и математика, а учениците кои ќе влезат во вториот круг пред  повеќечлена комисија ќе презентираат лидерски, тимски и креативни вештини. Финалните резултати ќе бидат објавени на 14 март.

- Самиот факт дека го отвораме конкурсот по 14. пат е доволен показател дека бројот на заинтересирани секоја година се зголемува и задоволни сме од тоа како овој проект расте и се развива. Чест ни е што веќе традиционално соработуваме со фондацијата „Борис Трајковски“ и што голем број на млади, амбициозни луѓе аплицираат и сакаат да станат дел од нашата образовна институција – велат од меѓународното училиште „Нова“.

otvoren-konkursot-za-stipendiite-boris-trajkovski-za-cetirigodisnoto-skoluvanje-vo-gimnazijata-nova-02.jpg

Програмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија 10 генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни факултети во Европа и во САД. 

otvoren-konkursot-za-stipendiite-boris-trajkovski-za-cetirigodisnoto-skoluvanje-vo-gimnazijata-nova-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел гла... „Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, о...
Нашата Нела пречекана како победник на училиште по Јуниор Евросонг - аплауз и прегратки од соученици... „Од срце ви благодарам за овој прекрасен, топол и незаборавен дочек драги мои со...
Браво Ангела! Средно училиште од Скопје е гордо на својата матурантка - оди на натпревари, олимпијад... Ваква младина сакаме! И горди сме на секој првенец на генерација во Македонија. ...
Траорни објави на Македонците по трагедијата: „Една мајка денес не се разбуди да го носи своето чедо... „Сериски убиец и силувач на жени, бремена жена малтретирана со месеци, сега мајк...
Наде Молеровиќ, некогашна директорка на училиште: „Девојчињата на Инстаграм се принцези, на улица џе... „Кој го преспа воспитувањето? Неодамнешните слики на насилство меѓу девојчиња не...

Најчитани неделава