Нашата Нела пречекана како победник на училиште по Јуниор Евросонг - аплауз и прегратки од соучениците (видео)
- Детали
- понеделник, 15 декември 2025
„Од срце ви благодарам за овој прекрасен, топол и незаборавен дочек драги мои соученици. Вашата љубов, насмевки и прегратки ми покажаа дека Miracle не е само песна“, напиша нашата Нела, која заврши на седмото место на Јуниор Евросонг 2025.

Нела Манческа, која ја претставуваше Македонија на Јуниор Евросонг во Тбилиси, Грузија, си дојде дома и веќе се врати во училишните клупи.
Откако испеа како ангел, со нежен, а моќен настап, Нела ја освои не само македонската публика, туку и публиката ширум Европа, но и жирито, па заврши на одличното 7 место.
Сепак, на училиште Нела беше пречекана како победник од своите соученици, кои стоеја во ходникот и на школските скали и аплаудираа, ја гушкаа, се радуваа за неа.
А Нела, објави видео од пречекот на својот Инстаграм.

„Од срце ви благодарам за овој прекрасен, топол и незаборавен дочек драги мои соученици.
Вашата љубов, насмевки и прегратки ми покажаа дека Miracle не е само песна - туку чувство, поддршка и самодоверба што ја носам со себе.
Огромна благодарност и до моето училиште ООУ „Вера Циривири-Трена“, кое уште од самиот почеток беше моја сила, моја потпора и дел од моето чудо.
Со вас зад мене, сонот стана реалност, а чекорот кон Јуниорски Евросонг 2025 - уште посилен.
Ве сакам сите бескрајно. Ова е нашиот Miracle“ - напиша Нела на Инстаграм.

Кликнете за да го погледнете видеото од нејзиниот пречек:
Прочитајте и Нашата Нела Манческа „растури“ со изведбата на Јуниор Евросонг 2025 – погледнете го настапот и гласајте за нашата самовила (видео)
А. Ј. | Црнобело