Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Македонски Телеком најави прототип на „смарт“ маски за заштита од загадување

Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона, оваа година се одржува од 26 февруари до 1 март, под слоганот „Creating a better future“. Дојче Телеком како водечки Европски телко оператор им овозможи на посетителите да ги искусат идните технологии како што е 5G, поврзани дронови, „смарт текстил“, VR и AR наочарите и останати иновативни продукти и технологии кои во блиска иднина ќе го сменат начинот на кој комуницираме и живееме.

makedonski-telekom-najavi-prototip-na-smart-maski-za-zashtita-od-zagaduvanje-01.jpg

Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком групацијата најави прототип на „смарт“ маски за заштита од загадувањето кои треба да бидат во продажба од ноември/декември,  оваа година. Станува збор за сосема нов продукт, идејно решение на Телеком, кое ќе биде дел од Fashion Fusion програмата на Дојче Телеком, а прв од низата еко проекти на Телеком што ќе следат годинава.

„За прв пат во Македонија ги спојуваме технологијата и модата, за да оствариме повисока цел – заштита од загадувањето, кое е вистински проблем во нашата земја, особено во поголемите градови. Кога ја имате најдобрата технологија, веќе не е доволно да овозможите само комуникација. Затоа, ние одиме чекор понатаму, ја користиме таа технологија за промена, за подобрување на квалитетот на живот“ – изјави Андреас Елснер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

makedonski-telekom-najavi-prototip-na-smart-maski-za-zashtita-od-zagaduvanje-02.jpg

Маските ќе бидат изработени од пластичен отпад што е уште еден чекор кон почиста животна средина. На базните станици на Телеком ќе се постават сензори, коишто ќе го мерат загадувањето. Сензорите преку мобилна апликација ќе комуницираат со мобилните телефони, кои пак ќе комуницираат со маските (изработени од смарт текстил). Смарт маските преку вибрација или лед светла ќе сигнализираат кога загадувањeто ќе биде над дозволената граница. Дизајнот на маските е потпишан од македонската дизајнерка Ивана Кнез.

Квалитетот на мрежата и инвестициите во новите технологии се основа за вакви иновативни решенија кои ќе направат разлика во општеството. Мрежата на Македонски Телеком е најдобра не сaмо во земјава туку и во регионот, што се потврди и на последното независно истражување за мрежите „P3“ според кое мобилната мрежа на Македонски Телеком има најдобри резултати за мобилен интернет и за говорни услуги во Македонија. Според ова мерење, мрежата на Македонски Телеком е меѓу најдобрите во Европа.

makedonski-telekom-najavi-prototip-na-smart-maski-za-zashtita-od-zagaduvanje-03.jpg

Исто така,  добра основа е и фактот што Македонија е прва земја во Европа со целосна ИП мрежа, како и единствена во Дојче Телеком групацијата со 100% 4G покриеност.

На конгресот во Барселона, Македонски Телеком најави и новина за корисниците – наскоро, за прв пат корисниците на Magenta 1 семејството ќе имаат можност да го делат меѓу себе мобилниот интернет вклучен во тарифата. Услугата Family Share ќе биде достапна преку новата ТelekomМК апликација за корисниците на новата Magenta 1.

makedonski-telekom-najavi-prototip-na-smart-maski-za-zashtita-od-zagaduvanje-04.jpg

За Fashion Fusion 

Fashion Fusion е иницијатива на Дојче Телеком со која преку спојување на модата и технологијата, се создаваат визионерски „lifestyle“ концепти.

Fashion Fusion e настаната како плод на потрагата на Дојче Телеком по пионерски - нови форми на технолошки напредна мода, носливи технологии како и сето она што се наоѓа помеѓу овие два концепти. Со Fashion Fusion, Дојче Телеком има за цел да промовира до сега невидени решенија по пат на спојување на различни експертизи (модата и технологија) во една заедничка сфера и на тој начин да постави нови стандарди за смарт модата.

За Светскиот конгрес на мобилни технологии

Конгресот на мобилни технологии во Барселона е најголемиот светски саем во телекомуникациската индустрија. Сите светски гиганти и најдобрите во индустријата се собираат секоја година да им покажат на илјадниците посетители што е ново во технологијата и што ќе донесе иднината. Се претставуваат над 800 оператори и повеќе од 300 компании а годинава се очекуваат саемот да го посетат илјадници специјалисти, аналитичари и медиуми од целиот свет.

Би можело да ве интересира:

Дарко Панчев, Маја Вукичевиќ: Македонски познати личности кои се во 50-тите години од животот Од Билјана Дебарлиева до Никола Ристановски... Кои наши познати личности се во 5...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg