„Студентите избираат...“ по четврт пат во организација на STUBRAND

Кои брендови ќе се стекнат со најпрестижниот сертификат - STUBRAND за 2018 година? За тоа ќе имаат можност да одлучат околу 60,000 студенти во Република Македонија кои по четврт пат ќе гласаат за своите омилени брендови, распоредени во вкупно 19 категории производи/услуги. STUBRAND е единственото официјално меѓународно истражување, со кое, директно од страна и на македонските студенти ќе се промовираат оние брендови, кон кои тие искажуваат највисок степен на емотивна лојалност во 2018та година.

studentite-izbiraat-po-cetvrtpat-vo-organizacija-na-stubrand-01.JPG

Уникатноста на истражувањата на STUBRAND во сите 17 земји во кои се спроведува истото во моментот произлегува од неговата методологија. Имено, истражувањето е направено така што на многу едноставен начин, со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate или Don’t Know, студентите да ја изразат својата првична, или импулсивно-емотивна реакција спрема дадениот бренд. Секој бренд што ужива позитивен имиџ од над 50% може да биде сертифициран со STUBRAND, а секој бренд со позитивен имиџ од над 75% и за кого процентот на одговорите Love е поголем од процентот на одговорите Like, може да биде сертифициран со PREMIUM STUBRAND за конкретната година.

Студентите се најважната група консументи за секоја компанија од причина што тие се консументи на иднината, односно стекнувањето на нивата доверба кон брендот денес значи долгорочна лојалност спрема истиот и во иднина. Затоа, резултатите од истражувањето на STUBRAND ќе им помогнат на компаниите да дознаат кој е степенот на емотивна лојалност на студентите кон нив и нивните брендови, како и да откријат како истите се перцепирани во однос на главните конкуренти.

Вообичаена пракса која додава вредност на истражувањето претставува настанот за свечено доделување награди и промоција на најдобро-рангираните брендови, кој од страна на STUBRAND ќе биде организиран до крајот на календарската година.

studentite-izbiraat-po-cetvrtpat-vo-organizacija-na-stubrand-02.jpg

“Шпаркасе Банка Македонија во својата развојна стратегија студентите ги става на многу значајно место. Потврда за оваа стратешка определба на банката се многубројните проекти и активности што ги спроведува банката години наназад. Оваа награда која ја добиваме по втор пат е потврда дека сме на вистинскиот пат и ќе продолжиме така во иднина. Им благодарам од се срце на сите студенти за ова престижно признание.“ – изјави г-ѓа Маја Палчевска, директор на регионална дирекција Центар на Шпаркасе Банка за време на минатогодишната церемонија за доделување на признанијата на STUBRAND за 2017 година. За време на истата, покрај Шпаркасе Банка, STUBRAND сертифицираше и уште 16 брендови:  Ладна, Добра Вода, Голден Арт, Еуролинк, Зегин, Телекабел, Европа, Неуромедика, Healthy Food by Zegin, Јока, Коузон, Рапсоди, Имако, Антена 5, Телевизија 24 Вести и crnobelo.com.

Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ) е лиценцирана и оваа година да го реализира истражувањето на STUBRAND во 2018 година во Република Македонија.

Сите студенти можат да пристапат кон истражувањето со кликање на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Емотивна сцена: Kуче пред болница во Прилеп веќе два дена го чека газдата што доживеал мозочен удар „Кучево е пред болница во Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се преве...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg