ОКТА со поддршка на еко-акција во Општина Илинден

okta-so-poddrshka-na-eko-akcija-vo-opshtina-ilinden-01.JPG

ОКТА активно се вклучи во еко-акцијата на општина Илинден „Со зеленило против загадувањето“. Компанијата донираше садници бреза, кои беа засадени во паркот во близина на спортската сала „Гоце Делчев“ и детската градинка во населбата Илинден.

Во акцијата за зазеленување учествуваше менаџерскиот тим и дел од вработените во компанијата. Со оваа активност, ОКТА како општествено одговорна компанија, уште еднаш ги потврди заложбите за почиста и поздрава животна средина.

Секое засадено дрво е важно и придонесува во благородната мисија за создавање почиста животна средина за сегашните и за идните генерации.

Токму затоа ОКТА се приклучи и го поддржа проектот за зазеленување на општина Илинден. Компанијата останува искрен пријател на локалната заедница со поддршка на активности во образованието, културата, екологијата кои значително ќе помогнат во создавањето подобри услови за живот на граѓаните од оваа општина.  

Во акцијата исто така учествуваа ученици, вработени во јавните претпријатија и во општина Илинден, како и жители на населбата.

Во рамките на овој проект за зазеленување на општина Илинден се опфатени 26 локации на површина од 80.000 метри квадратни.

okta-so-poddrshka-na-eko-akcija-vo-opshtina-ilinden-02.JPG

okta-so-poddrshka-na-eko-akcija-vo-opshtina-ilinden-03.JPG

Би можело да ве интересира:

Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...

Најчитани неделава