Акцијата FEED YOUR BRAIN со настан во Штип - “Нахрани го својот ум” со Бранко Огњановски, Снежана Лупевска и Жан Митрев

akcijata-feed-your-brain-so-nastan-vo-shtip-nahrani-go-svojot-um-so-branko-ognjanovski-snezhana-lupevska-i-zhan-mitrev-01.jpg

На 03 април во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, со почеток од 15 часот, ќе се одржи третиот настан од акцијата Feed Your Brain или “Нахрани го својот ум”, на кој како говорници кои ќе ги мотивираат и инспирираат младите од Штип и околината, се:

  • БРАНКО Огњановски - основач, режисер и сценарист на хумористичното ТВ шоу К-15, еден од основачите на К-15 продукција, креатор и уредник на порталот panika.be, и автор и извршен продуцент на ТВ емисијата "Фчерашни Новости"
  • СНЕЖАНА Лупевска Созен - најдобар новинар во истражувачкото новинарство во Македонија, автор и продуцент на емисијата "КОД", и уредник во ТВ Телма
  • ЖАН Митрев - најпознатиот и најдобриот кардиохируг во Македонија, основач, сопственик и главен менаџер на Специјалната болница "Клиника Жан Митрев"

Целта на акцијата “Нахрани го својот ум” е преку серија мотивациски говори на успешни, македонски личности од јавниот живот, бизнис секторот, здравството и уметноста, студентите да имаат можност директно да ги добијат одговорите на темите кои ги засегаат.   Настаните се бесплатни и ќе се одржат на четирите универзитети во државата - „Кирил и Методиј“- Скопје, „Универзитет на Југоисточна Европа“-Тетово, „Гоце Делчев“- Штип и „Климент Охридски“ – Битола.

akcijata-feed-your-brain-so-nastan-vo-shtip-nahrani-go-svojot-um-so-branko-ognjanovski-snezhana-lupevska-i-zhan-mitrev-02.jpg

Модератор на сите натани ќе биде Жарко Димитриоски, автор и водител на најпопуларното Македонско ток шоу, Еден на Еден и креативен директор во истоимената маркетинг агенција.

Сите заинтересирани за настанот на 03 април, може да се пријават на следниот линк: https://goo.gl/forms/BiB94bDWpxErNTMf2

Акцијата „Feed your brain“ е реализирана од маркетинг агенцијата “Еден на Еден” во рамките на иницијативата „Мрдни со прст”.

Мрдни со прст е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Повеќе информации за Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst

akcijata-feed-your-brain-so-nastan-vo-shtip-nahrani-go-svojot-um-so-branko-ognjanovski-snezhana-lupevska-i-zhan-mitrev-03.jpg

akcijata-feed-your-brain-so-nastan-vo-shtip-nahrani-go-svojot-um-so-branko-ognjanovski-snezhana-lupevska-i-zhan-mitrev-04.jpg

akcijata-feed-your-brain-so-nastan-vo-shtip-nahrani-go-svojot-um-so-branko-ognjanovski-snezhana-lupevska-i-zhan-mitrev-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Александра Јанева за романтичното запросување во Париз: „Иван 7 месеци бирал прстен, ги загубив сите... „Седнавме спроти Ајфеловата кула со вино во рацете, а мене од немарност ми падна...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Кумановец ја запроси девојката „под облаците“ на место со спектакуларен поглед кон Алпите во Швајцар... „Претходно немавме разговарано за брак. Но, уште кога тргнавме на пат јас почнав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg