Грижете се за своите дишни патишта со здрави навики и Септолете тотал

Според Ангела Мицајкова, инструктор по јога од 108 Yoga House, правилното дишење е едно од најважните витални функции што може да го подобрат физичкиот и менталниот пејзаж на човекот. „Да научиш да дишеш правилно, би рекла, е најголем дар. Добар инструктор по јога, најпрво ќе те научи добро да дишеш, да си го слушаш и следиш дишењето, за да достигнеш состојба на спокој и трпение“, вели таа. Нејзиното долгогодишно навлегување во јогата ја има научено дека начинот на кој дишеме е многу тесно поврзан со нашите емоционални состојби. „Дишеме различно кога сме лути, возбудени, уморни или нервозни. Сепак, со користење на соодветни техники на дишење, можеме да ја смениме нашата физичка или емоционална состојба“, објаснува Мицајкова.

grizete-se-za-svoite-disni-patista-so-zdravi-naviki-i-septolete-total-01.jpg

Јогата како нејзина секојдневна активност и овозможила да го совлада правилниот внес на кислород, вежбајќи ги дишните органи - за што смета дека е императив за благосостојба и одржување на имунитетот. Ваквата навидум едноставна тројна формула за виталност која ги вклучува во себе трите фактори: тело, ум и дух е она што е заедничко за Ангела и Септолете тотал. Септолете тотал исто така има тројна формула што овозможува олеснување на болката и воспалението во грлото и ја отстранува причината за инфекција. На тој начин, Септолете тотал овозможува целосен третман за болки во грлото делувајќи противвоспалително, аналгетски и антисептично.

На прашањето како ја користи моќта на нејзиното грло, таа одговори: „Практикувам лингвистички вештини. Преку студирањето на јога текстови неминовно сум во допир со санскритот. Санскритот е литургиски јазик на хиндуизмот и будизмот,  и претставува еден од 23-те службени јазици на Индија. Овој јазик има код на внимателно и љубезно изразување кон се живо на овој свет, ценејќи ја длабоко и широко секоја световна креација“.

grizete-se-za-svoite-disni-patista-so-zdravi-naviki-i-septolete-total-02.jpg

Според нејзините лични убедувања таа верува дека човек треба да ја користи моќта на своето грло да искажува љубезни, благи и внимателни зборови на кој јазик и да зборува. Бидејќи кога човек се изразува љубезно, тој инспирира, мотивира и негува добрина во себе и кон другите. На крајот, тоа треба да е ефектот од практикување јога – од тебе да направи здрава личност која конструктивно придонесува за светот кој го дели со другите.

Оваа инспиративна приказна за спојот на  Ангела и Спетолете Тотал ја заокруживме со споделување на нејзините вообичаени хигиенски дневни рутини со кои не само што прави прочистување туку и го балансира телото и духот. „Кога мислам на детоксикација, мислам пред сè, на лична хигиена. Физичка и ментална. Кога човек практикува различни техники за одржување на лична хигиена, тежнее да живее во чистота. Практикувам да го започнам денот со техники за чистење на телото, измивање на усната шуплина и ноздрите – со назална иригација, за да го подготвам телото за избалансирано дишење во текот на денот, притоа подготвувајќи го и умот за изненадувањата што ги носи секој ден.“

grizete-se-za-svoite-disni-patista-so-zdravi-naviki-i-septolete-total-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава