Кој сточар, кој со ѓаволчето на рамо - приказните на Бранко Огњановски, Лупевска и Жан Митрев (видео)

На 03 април, во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, над 350 студенти имаа можност да ги слушнат мотивационите говори на Жан Митрев, Снежана Лупевска и Бранко Огњановски, како дел од третиот настан на акцијата Feed Your Brain.

koj-stocar-koj-so-gjavolceto-na-ramo-prikaznite-na-branko-ognjanovski-lupevska-i-zan-mitrev-video-01.jpg

Жан Митрев ги сподели техниките за мотивација кои ги користел и сеуште ги користи, и им зададе задача на присутните млади со која можат да започнат да го “тренираат” својот мозок, Лупевска им пренесе на младите колку е битно да работиш со пасија и адреналин – бидејќи тоа те тера напред во својата професија и живот, додека Бранко Огњановски на крај им порача на младите да научат да креираат и создаваат самите, наместо да чекаат вработување во државна администрација.

Нивните целосни говори и животни приказни може да ги проследите на следниот линк:

Жарко Димитриоски како модератор на настанот, го најави “серијалот” на Feed Your Brain настаните кои ќе се оддржуваат во наредниот период, на различни Универзитети низ државата, секој со различни мотивациони говорници. Целта на настаните е младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја.

koj-stocar-koj-so-gjavolceto-na-ramo-prikaznite-na-branko-ognjanovski-lupevska-i-zan-mitrev-video-02.jpg

Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Наредниот настан ќе се одржи во Прилеп на 17ти април на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Климет Охридски”, за кој може да добиете повеќе информации на Facebook страната.

Би можело да ве интересира:

Бранко од Kan Gym емотивен за 50-тиот роденден: „Со Елена се запознавме пред 17 години, имам последи... „Со Елена се запознавме пред 17 години. Никогаш не се разочарав во она што ме пр...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...

Најчитани неделава