Витаминка започна со производство на маслото Брилијант

(Прилеп, 16.04.2018) – Витаминка, по преземањето на штипски Брилијант го рестартира производството на познатиот бренд. За таа цел, во погоните во Штип повторно се ангажирани околу 70 поранешни вработени.

vitaminka-zapocna-so-proizvodstvo-na-masloto-brilijant-001.jpg

Новопроизведениот Брилијант е висококвалитетно тројно рафинирано масло за јадење. Произведено е на современа и технолошки модерна опрема од германско потекло што ја прави фабриката во Штип единствена на Балканот со три рафинатори во производниот процес со капацитет на рафинираторот од 150 тона дневно или 39 илјади тони годишно.

Со рестартирањето на производството на Брилијант, Витаминка влезе во нова фаза од своето работење и отвори нови перспективи во развојот на компанијата. Покрај обезбедувањето на суровинска база за потребите на производството, новиот Брилијант значи и висококвалитетен производ единствен по составот, чистината и технолошкиот процес достапен за граѓаните. Така, оваа инвестиција добива многу поголемо и пошироко значење а за Витаминка ќе значи пред се подобрена деловност и можност за растење“, изјави Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на Витаминка.

Новиот Брилијант ќе биде достапен со препознатливиот изглед, но помодерен, со мал редизајн на етикетата. Витаминка, со неодамнешното потпишување на купопродажниот договор се стекна со сопственост на целиот недвижен и движен имот на штипскиот производител и правата од индустриска сопственост, што вклучува трговски марки и индустриски дизајн.

Би можело да ве интересира:

„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
Катарина Ивановска за светската кариера: „Не знаев ни да одам на штикли, на 17 години заминав сама в... „Не знаев ни да позирам, ни да одам на штикли, поим немав, влегов во нешто непоз...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...

Најчитани неделава