Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Владимир Косијер - нов генерален директор на Пивара Скопје

Од 1. мај 2018-та функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Владимир Косијер. Тој на оваа позиција доаѓа по Јован Радосављевиќ, кој со оваа редовна организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Coca-Cola HBC во Романија.

FOTO_Vladimir Kosijer_2.jpg

На позицијата генерален директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер доаѓа од Украина каде во изминатите пет години ја извршуваше функцијата менаџер за продажба на Coca-Cola HBC за пазарите на Украина и Молдавија.

Благодарание на неговото лидерство, фокусот кон потребите на потрошувачите и мотивацијата на тимот со кој раководел, компанијата остварила рекордни резултати во продажбата и задоволството на потрошувачите, за што сведочат голем број освоени меѓународни награди и признанија во рамки на Coca-Cola HBC групацијата.

„Навистина со големо нетпрение очекувам и се радувам што ја преземам функцијата генерален директор на Пивара Скопје. Компанијата има одлична репутација во Групацијата како резултат на нејзините успеси и значење за зедницата и секако, нејзините луѓе. Верувам дека со моето искуство ќе придонесам кон натамошниот одржлив развој на компанијата и на натмошните вложувања во сите сегменти што го поттикнуваат тој развој, почнувајќи од нашиот тим, довербата на купувачите и потрошувачите во нашите брендови и секако во заедницата“, изјави Владимир Косијер, пред стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.

FOTO_Vladimir Kosijer_1.jpg

Својата кариера во Coca-Cola системот, Косијер ја започнува пред повеќе од 16 години во Србија, поминувајќи ги сите скалила во комецијалниот сектор и учествувајќи во реализацијата на голем број проекти.

Одличните резултати во досегашната кариера на Владимир Косијер, во комбинација со неговата експертиза, искуство и уникатениот стил на управување со комплексни тимови, се дополнителна гаранција дека под негово раководство Пивара Скопје ќе продолжи со натамошно зацрвстување на пазарните позиции, одржување на високото ниво на задоволство на потрошувачите и вложувањата во одржлив развој и општествено одговорни проекти значајни за пошироката заедница.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША.

FOTO_Vladimir Kosijer_3.jpg

Би можело да ве интересира:

Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg