Владимир од Скопје ја запроси Андријана на брегот Амалфи: „Изнајмивме мотоцикл, уживавме во поглед на Поситано“
- Детали
- среда, 20 мај 2026
„Застанавме на едно прекрасно место со поглед кон Поситано, каде што тој ме запроси. Целиот момент беше многу интимен, романтичен и искрен“, вели Андријана Митревска, доктор по дентална медицина, за запросувањето од саканиот Владимир, музичар по професија.

Владимир Трпковски, по професија музичар, од Скопје ја запроси саканата Андријана Митревска, доктор по дентална медицина, исто така од Скопје за време на нивното патување во Италија.
Парот се сместил во Неапол, а оттаму со мотоцикл заминале на разгледување на брегот Амалфи.
Андријана споделува детали за запросувањето за CRNOBELO.com:
„Во врска сме веќе 5 години и низ годините изградивме однос исполнет со љубов, доверба и многу заеднички моменти.
Искрено, не очекував дека запросувањето ќе се случи токму сега.

Секако дека сме разговарале за иднината, но мислев дека тоа ќе биде во некој друг период, па затоа моментот ми беше уште поемотивен и поубав.
За време на патувањето во Италија изнајмивме мотоцикл и патувавме од Наполи кон Поситано и Амалфи.

Застанавме на едно прекрасно место со поглед кон Поситано, каде што тој ме запроси. Целиот момент беше многу интимен, романтичен и искрен.
Бев навистина изненадена и ми требаа неколку секунди да сфатам што се случува. Тоа е момент кој сигурно ќе го паметиме цел живот.

Прстенот ми е точен, а најинтересно е што целосно сам го избрал. Никој не знаел дека планира запросување, па изненадувањето беше уште поголемо.
Се чувствуваше дека има мала трема пред самиот момент, но мислам дека токму тоа ја направи целата ситуација уште поискрена и поемотивна.

Најпрво ги изненадивме нашите најблиски преку видео повик и реакциите беа навистина незаборавни“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело