Sparkasse Room – ново место, за нови идеи!

23.5.2018 г., Скопје. Денеска Скопје доби ново инспиративно место за млади, динамични старт-ап идеи - Sparkasse Room.

sparkasse-room-novo-mesto-za-novi-idei-01.jpg

Во соработка со „Јавна соба“, Шпаркасе Банка Македонија креираше простор што е модерно дизајниран и технички опремен, за да му понуди на „младиот“ бизнис-сектор релаксиран амбиент што ќе ја поттикне креативноста и ќе внесе свежина во начинот на работа. Sparkasse Room ќе се користи и за организирање едукативни работилници, кои ќе бидат наменети и за различни целни групи: млади студенти и средношколци, сегашни и идни претприемачи кои имаат потреба од финансиски средства, како и домаќинства што сакаат да ја унапредат енергетската ефикасност во своите домови.      

Шпаркасе Банка постојано наоѓа нови начини за поддршка на модерните и иновативни бизнис-трендови, а со тоа уште еднаш потврдува дека е банка што верува во своите клиенти и во нивните идеи. Потврда за посветената поддршка кон младите е и признанието Stubrand за 2018 година, со кое студентите ја прогласија Шпаркасе Банка за најомилена банка.

„Верувај во себе“ е новото мото преку кое Банката дава силна порака во јавноста дека верува во успешните и иновативни идеи што таа ги препознава и ги поддржува.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Би можело да ве интересира:

Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава