Макпрогрес Виница е првата македонска компанија која ќе произведува на соларна енергија

Познатата македонска прехранбена компанија Макпрогрес Виница продолжува да биде пионер во поддршката на националната економија, иновативните технологии и општествената одговорност. Денес, Макпрогрес Виница официјално склучи договор и објави дека ќе користи обновлива енергија во својата фабрика Винчини, и тоа со првата македонска компанија за производство на фотоволтаични соларни модули – Пиксел Груп.

makprogres-vinica-e-prvata-makedonska-kompanija-koja-ke-proizveduva-na-solarna-energija-1.jpg

Со договорот предвидена е изградба на 252 kW фотоволтаична централа на покривот на фабриката Винчини во Виница, со што Макпрогрес Виница станува првиот инвеститор кој ќе вгради фотоволтаични панели произведени во Македонија со кои директно ќе помогне кон зачувување на животната средина.

makprogres-vinica-e-prvata-makedonska-kompanija-koja-ke-proizveduva-na-solarna-energija-2.jpg

Со оваа инвестиција Макпрогрес Виница придонесува за зголемување на искористувањето на обновливи извори на енергија во Република Македонија, и ги повикува и останатите компании во нашата држава да го следат овој пример на меѓусебна поддршка. Македонското сонце преку првите македонски соларни панели, за прв пат ќе се користат во македонска компанија, која извезува македонски производи низ целиот свет” изјави  г. Глигор Цветанов - Извршен Директор на Макпрогрес Виница.

makprogres-vinica-e-prvata-makedonska-kompanija-koja-ke-proizveduva-na-solarna-energija-3.jpg

Макпрогрес е и една од најуспешните извозно ориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот.  Избирајќи да ја даде довербата на првиот македонски производител на фотоволтаични панели придонесува за развојот на македонската економија и искористувањето на обновливи извори на енергија какво што е сонцето.

Пиксел Груп е прва фабрика од ваков тип во Македонија и регионот, со површина од 1500 метри квадратни и со годишен капацитет на производство од 20 мегавати на монокристални и поликристални соларни модули, нам подобро познати како соларни панели.

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Македонска свадба на плажа во Грција – се игра оро, ечи „Ти донесов млада невеста“ (видео) Србин воодушевено од терасата на својата хотелска соба на 13-ти септември сними ...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...

Најчитани неделава