Vip Spirit - нова тарифа со Ноќна опција создадена за младите

Скопје, 28 мај 2018г.  – Вип продолжува со надополнување на своето тарифно портфолио, овој пат со тарифа специјално создадена за младите – Vip Spirit.

vip-spirit-nova-tarifa-so-nokjna-opcija-sozdadena-za-mladite-001.jpg

Новиот тарифен модел Vip Spirit, како и Vip Spirit SIM е достапен за корисници од 18 до 26 години и има специјална Ноќна опција, за неограничен интернет во периодот од 12 часот на полноќ до 6 часот наутро.

Вип е компанија која постојано е насочена кон истражување на потребите на своите корисници со цел креирање на идеални понуди за нив. Тарифата Vip Spirit ја создадовме за младите кои покрај постојаната комуникација во текот на денот, имаат и потреба од неограничен интернет во текот на ноќта што го користат за учење, слушање музика но и за гледање на својата омилена серија. – изјави Елена Панова, маркетинг директорка на Вип.

Со Vip Spirit корисниците за 799 денари месечна претплата добиваат неограничени минути и неограничени SMS кон сите национални мрежи, 5GB месечен интернет со 4G брзина, како и неограничен интернет во периодот од 12 часот по полноќ до 6 часот наутро во текот на првите 24 месеци од договорната обврска. Со секоја нова или постоечка обнова на Vip Spirit тарифниот модел, корисниците ја добиваат можноста да  добијат и дополнителен попусти за одредени телефони.

За младите кои сакаат поголема флексибилност достапен и Vip Spirit SIM, со договорна обрвска на неопределено времетраење и само со SIM картичка, за месечната претплата од 649 денари. Тарифните модели Vip Spirit можат да се комбинираат и во рамки на Комбо пакетите на Вип со дополнителен попуст од 149 денари.

Повеќе информации за Vip Spirit тарифните модели можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Вип на 077 1234.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...

Најчитани неделава