150 учесници во „Мапа на културата“ на Еуролинк го запознаа Галичник

Скопје, 4.6.2018 г. - На 2 јуни 2018 година, 150 учесници го посетија Галичник, како дел од туристичката прошетка насловена „Мапа на културата“, организирана од Еуролинк осигурување.

150-ucesnici-vo-mapa-na-kulturata-na-eurolink-go-zapoznaa-galicnik-01.jpg

Планинското село што лежи на надморска височина од 1150 до 1450 метри е убаво во сите годишни времиња, а ги фасцинира посетителите и со својата автентична македонска архитектура, со богатото културно наследство и со восхитувачките пејзажи. Посетителите на бесплатната еднодневна екскурзија уживаа во убавината на мијачкиот регион и во уникатноста на селото Галичник, по специфичните архитектонски обележја на тамошните куќи расфрлени по стрмниот терен на селото. Ја посетија црквата што се наоѓа во срцето на селскиот атар „Св. Петар и Павле“, каде што секоја година на Петровден се одржува надалеку прочуената Галичка свадба, како и малиот селски музеј „Вила Доста“, каде што се изложени делата на големиот македонски преродбеник Ѓорѓија Пулевски.

150-ucesnici-vo-mapa-na-kulturata-na-eurolink-go-zapoznaa-galicnik-02.jpg

Денеска Галичник е само туристичка дестинација, живеат само двајца жители бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено. Се вративме дома побогати за уште едно незаборавно патување, кое нѐ врати во времето на нашите предци. Компанијата повторно ги потврди своите заложби за негување на вистинските вредности и им овозможи на пријавените учесници да се запознаат со убавините на нашата татковина. Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

150-ucesnici-vo-mapa-na-kulturata-na-eurolink-go-zapoznaa-galicnik-03.jpg

150-ucesnici-vo-mapa-na-kulturata-na-eurolink-go-zapoznaa-galicnik-04.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
„Низ прстен те гледам, в срце да ти влезам“ - Лилјана и Јован се венчаа на Галичка свадба 2025 (виде... Со преку 30 обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, Лилјана Михајлоска (2...
„Прва пролетна прошетка“ - Дејан Манасков и сопругата со новородениот син уживаат во Битола Со капчиња во тон, Дејан Манасков и убавата Билјана Стојановска го шетаат својот...
Македонија добива уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма 11.02.2026 Mакедонскиот уролог д-р Виктор Станков, од Универзитетската клиника з...
Ердал Лушо од Струга тргнува сам со едрилица преку Атлантикот - Од Португалија до Кариби за 40 дена,... Нашиот Ердал Лушо од Струга, тргнува на херојска мисија - 16 месеци сам ја граде...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...

Најчитани неделава