Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Новоотоворена кафетерија Coffee factory во центарот на Скопје

Професионални баристи ќе го приготвуваат вашето кафе.

novootvorena-kafeterija-coffee-factoru-vo-centarot-na-skopje-01.jpg

Утре, петок на 29 јуни, по 11 часот ќе биде отворена третата по ред скопска кафетерија Coffee Factory на улица Македонија спроти спомен куќата на Мајка Тереза. Овие три локали спаѓаат во категорија на професионални кафетерии. Првата, која постои од 2015 година е лоцирана во срцето на Дебар Маало, а втората, која работи од 2016 година е непосредно до плоштадот Македонија. По одличниот успех со првите две кафетерии, во третата новоотворена, тимот одлучи да направи мал исчекор за искуството на посетителите да биде комплетно, а тоа е храната. Покрај кафето, кое е главна состојка за отпочнување на денот или за уште попријатно попладне, тие изготвија мени, кое одлично ќе се вклопи во тие часови.

novootvorena-kafeterija-coffee-factoru-vo-centarot-na-skopje-02.jpg

Утре, денот на отворањето, посетителите ќе можат бесплатно да ги тестираат и вкусат различните видови кафе, подготвени од професионални баристи, предводени од Дејан Богоески, како и вкусните специјалитети од шефот на кујната, Софка Камилоска. За музичкото мени ќе се погрижи Alex Acid, кој ќе настапи од 11 до 13 часот, потоа следуваат Летечки Пекинезери, кои се од 13 до 15 часот, а потоа до 18 часот зад миксетата посетителите ќе ги забавува диџеј Маци.  

Она што ги прави инакви овие кафетерии е разноликата палета кафиња од препознатливи брендови, начинот на нивната подготовка и неприкосновено топлиот, модерно уреден и  автентичен амбиент.

novootvorena-kafeterija-coffee-factoru-vo-centarot-na-skopje-03.jpg

Во кафетериите, кафето го подготвуваат професионални баристи. Стручноста, посветеноста и вештината на целиот тим е заслуга на долгогодишна професионална наобразба. Тие ги имаат поминато обуките во Lavazza тренинг центарот во Скопје, а двајца од баристите се наедно и бариста тренери во истиот центар. Тие се овластени тренери, кои своето знаење го имаат наобразувано на неколку интернационални обуки, меѓу кои и обуката за која имаат сертификат за овластени тренери, во главниот тренинг центар на Lavazza, кој се наоѓа во Торино, Италија.

„Нашите професионалните баристи подготуваат 4 видови на кафиња (crema e aroma, top class, gold selection и лимитираната гурмет селекција на 100 проценти арабика од Etiopija Kafa), како и повеќе рецепти на уникатни топло и ладно кафе за сечии вкус. Професионален бариста треба да поседува повеќе вештини, како правилно управување со кафематот, стручност околу штелувањето на мелниците за кафе, детално познавање на различните видови кафе, лична и професионална хигиена и се разбира љубов кон самата работа и кафето... и посветеност, срдечност и услужност... карактерни особини, кои треба да ги поседува секој професионален бариста. Неколку елементи се неопходни за идеално приготвено кафе, професионален кафемат, квалитетно кафе, правилно наштелувана и квалитетна мелница. И секако еден од најважните елементи, а тоа е баристата што го приготвува самото кафе. Беспрекорната хигиена на кафематот и севкупниот работен простор се исто така значајни. Coffee factory имат свој тренинг центар, кој постои веќе три години и кој ќе биде лоциран во рамките на новата кафетерија, каде што посетителите одблизу ќе можат да се запознаат со целиот процес на подготовка кафе. Обуката во тренингот центарот е отворена за сите оние, кои имаат интерес да научат се за оваа професија“ објаснува Дејан Богоески, професионален бариста.

novootvorena-kafeterija-coffee-factoru-vo-centarot-na-skopje-04.jpg

Шефот на кујната пак, шармантната Софка Камилоска во новоотворната кафетерија, вели дека со својот тим осмислиле нешто како бранч мени, кое активно ќе се служи до 15 часот. „Покрај слатките задоволства како cinnamon rolls, chocolate chip cookies, мафини, apple crumble pie... кои совршено се вклопуваат со кафето, го воведовме и кралот на бранчот или добро познатиот „Eggs Benedict“ во придружба на неговите исто така добро познати другари „Eggs Florentine“ и „Eggs Royal“ . Во витрините направивме и место за уникатните сендвичи и совршено крцкавите „Pannini“. Се разбира не ги заборавивме ниту салатите, здравите оброци, како мусли и овес со овошје, ниту пак омлетот“.

novootvorena-kafeterija-coffee-factoru-vo-centarot-na-skopje-05.jpg

novootvorena-kafeterija-coffee-factoru-vo-centarot-na-skopje-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Панчо од ДНК хоспитализиран во Скопје по синоќешниот пожар – објавени неофицијални листи со применит... Во изјава за Сакам да кажам, сестрата на Панчо од ДНК потврди дека музичарот се ...
Македонка снима видеа со бонтон правила за дамско однесување - Како се пие вино, каде се става чанта... „Говорот на тело зборува за тебе и без да кажеш збор. Се случува и без да си све...
Чичко Крсто од Кратово е 52 години во љубов со тетка Пале: „Секое утро ја будам со бакнеж во образ, ... „Каква и да имамо обврска у град да идемо - идемо заедно. Ја шо викам - со моето...
Кои познати Македонци имаат три или повеќе деца? Дали знаете дека Симон Трпчески е татко на близнаците Стефан и Андреј, но дека и...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Германецот Финн се заљуби во Прилеп: „Маркови кули се како сцена од Star Wars, некој ми го платил ка... „Се искачив до тврдината стара 600 години, која личи како да е од светот на фант...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg