50 деца успешно ја завршија Летната балетска школа на Еуролинк осигурување

Скопје, 17.7.2018 год, - Вчера се одржа завршниот час од Летната балетска школа организирана од Еуролинк осигурување, како дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.

50-deca-uspesno-ja-zavrsija-letnata-baletska-shkola-na-eurolink-osiguruvanje-01.jpg

Балетската школа започна на 25 јуни и во текот на три недели, младите учесници  ги изучуваа вештините и основните техники на класичниот балет. Децата ги изучуваа уникатните карактеристики во балетот, вртењето и високите протегнувања, но и грациозните, точни и прецизни движења, во оваа најпрестижна форма на танц наречена балет.

Низ игра и забава кај децата се буди чувството за одговорност и дисциплина.  Летната балетска школа помина во најдобар ред и со многу забава, а на завршната претстава, која беше направена со многу труд и љубов, малите балеринки презентираа што сѐ научиле во изминатите три недели.

Еуролинк осигурување, заедно со балетскиот првенец Горан Божинов, на сите учесници им додели сертификат за успешно завршена балетска школа со надеж дека традицијата и љубовта кон балетот нема да завршат тука, туку ќе претставуваат дополнителен мотив во нивната идна професионална определба.

Се гледаме следната година во нова балетска приказна.

50-deca-uspesno-ja-zavrsija-letnata-baletska-shkola-na-eurolink-osiguruvanje-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...
Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фот... „Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме с...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...

Најчитани неделава