Одличен викенд предлог за љубителите на патувањата и музиката!

Доколку ги искористивте своите 10 дена одмор на море, но сеуште ви се шета, не заборавајте дека и во нашата држава има прекрасни места кои само чекаат да ги откриете. Лето е, опуштете се! Оставете се’ како што ви е дома и овој петок тргнете на кратка авантура.

odlicen-vikend-predlog-za-ljubitelite-na-patuvanjata-i-muzikata-1.jpg

Дали знаете дека со малку планирање и малку средства, можете да посетите 4 наши езера во еден ден, и да уживате на одличен музички фестивал.

Ви се допаѓа идејата? Тргнуваме!

Првата станица е Маврово. Почнете го утрото со вкусна пита и кисело млеко покрај Мавровското езеро. Во областа Маврови Анови има одлични ресторани кои нудат традиционална храна, а најголем дел од нив имаат прекрасен поглед кон езерото.

Откако ќе се најадете и ќе соберете сила, тргнете по кањонот на реката Радика во правец на Дебарското езеро. Патот е опкружен со природа и зеленило, а има и интересни локации кои можете да ги посетите по пат,  а да не ви одземат многу време, како на пример манастирот Св. Јован Бигорски, еден од најубавите манастири во цела Македонија, или мирното и пријатно Ростуше во чија близинаа се наоѓа водопадот Дуф. Доколку имате повеќе време, во близина е и мостот Еленски скок, мост стар неколку стотици години кој ги воодушевува авантуристите, неочекувано свивајќи го својот совршено кружен лак сред густата шума.

odlicen-vikend-predlog-za-ljubitelite-na-patuvanjata-i-muzikata-3.jpg

odlicen-vikend-predlog-za-ljubitelite-na-patuvanjata-i-muzikata-2.jpg

Од таму, по патот на кањонот на реката Црн Дрим, стигнуваме до езерото Глобочица. Темните и длабоки води на Глобочица, и неверојатно тивката природа создаваат мистично чуство, а фактот што старото село на ова место било целосно поплавено кога се градело ова вештачко езеро, само додава на мистериозноста.

odlicen-vikend-predlog-za-ljubitelite-na-patuvanjata-i-muzikata-4.jpg

Половина ден помина, и веќе сте гладни. А тука, по пат е Вевчани. Ова мало гратче е приказна сама за себе, како и луѓето кои живеат таму. Толку се горди на своето потекло, што, замислете, си направиле свои, вевчански “пасоши” и “пари”. Се разбира дека се работи за шега, не морате да барате менувачница, но во секој случај вреди да останете тука на ручек. Од храната до природата, Вевчани е навистина мало парче рај на земјата, но не се опуштајте премногу бидејќи авантурата не е завршена. Испијте едно кафе, прошетајте се до Вевчанските водопади и назад на пат!

odlicen-vikend-predlog-za-ljubitelite-na-patuvanjata-i-muzikata-5.jpg

Крајната дестинација е Охридското езеро, односно прекрасната Струга која лежи на неговиот брег. Градот на поезијата и мостовите нуди прекрасна и мирна атмосфера, но овојпат не сме дојдени за тоа. Вечерта ја завршуваме со кулминација од забава и музика, како награда за успешната авантура. Како нарачано, најпопуларниот летен фестивал во Македонија, Грин Бич Фестивал, за прв пат оваа година се одржува токму во Струга, на самиот брег на езерото! Со оглед на тоа дека забавата со најпознатата електронска дива – диџејката Нина Кравиц се случува овој петок, на 27 јули, немате изговор да не тргнете во авантура уште овој викенд!

А доколку сакате дури и фестивалот да биде бесплатен, приклучете се на наградната игра на Heineken, каде секојдневно се доделуваат билети токму за Грин Бич.

Соберете екипа, направете ја “езерската” тура и пуштете ги сите впечатоци од денот да експлодираат во музика, смеа и танц на Грин Бич Фестивалот. Останете до утрото, спијте на плажа и пречекајте го изгрејсонцето над езерото. Заборавете на грижите, создадете спомени, и отворете го светот на авантурата и музиката!

Би можело да ве интересира:

Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...

Најчитани неделава