Vip со специјална понуда за сите студенти

Студентски тарифи со супер цена и без договорна обврска

vip-so-specijalna-ponuda-za-site-studenti-001.jpg

Скопје, 28 септември 2018г. – Телекомуникациската компанија Vip со гордост ги претставува најновите тарифи наменети за студентите кои од овој семестар добиваат исклучителна можност да активираат студентски пакет од услуги на фиксна локација и тоа без договорна обврска за времетраење.

Имено сите студенти, почнувајќи од денеска, можат да го изберат Vip Student Net или Vip Student Combo и да уживаат во интернет и телевизија без договорна обврска, без трошоци за инсталација и по супер ниска цена.

Со Vip Student Net студентите добиваат неограничен интернет до 15/1 Mbps за месечна претплата од само 599 денари, a со Vip Student Combo добиваат фиксна линија со неограничени разговори кон сите национални мрежи, неограничен интернет до 15/1 Mbps и телевизија до 80 ТВ канали, за само 799 денари месечна претплата.

“Студентските денови се исполнети со нови знаења, нови искуства и многу забава, тие денови ни остануваат врежани во сеќавањата уште долго време. Со цел да одговориме на динамиката и потребите на студентите во однос на комуникација, создадовме тарифи кои се специјално наменети за нив и ќе им овозможат не само полесен пристап до нови знаења, туку и многу забава и пристап до интересни содржини кои ќе придонесат за незаборавни животни искуства. Со овие тарифи, студентите добиваат специјални цени за намалување на трошоците за телекомуникациски услуги и тоа без договорни обврски и без трошоци за инсталација. Се надеваме дека ќе донесеме уште повеќе забава во студентските денови!”, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Vip.  

Сé што е потребно за активација на новите тарифи е приложување валиден студентски индекс во некој од продажните салони на Vip.

Повеќе информации за новите тарифни модели можете да најдете на www.vip.mk.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава