Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


#СекојКилометарЗначи ја поттикна хуманоста преку донации за СОС Детско село на Skopje Run 10K

На 7-ми октомври 2018 година заврши една уникатна приказна. Skopje Run 10K финишираше со рекорден број на учесници и кампања која поттикна зголемување на филантропијата во Македонија. Тимот на Skopje Run 10K, Сојуз на спортови на Град Скопје, заедно со СОС Детско село ја отворија можноста за купување на хуманитарни километри онлајн неколку месеци пред самата трка.

sekoj-kilometar-znaci-ja-pottikna-humanosta-preku-donacii-za-sos-detsko-selo-na-skopje-run-10k-1.JPG

Преку #СекојКилометарЗначи заинтересираните можеа да купат километри во име на некој од амбасадорите Марко Марк, Андреј Стојаноски, Евгениј Хоуп, Сашко Коцев, Бојан Трајковски, Едина Муса, Цеце Трајковска, Јана Стојановска, Тино Костадиновски, Влатко Грозданоски, Елена Митева, Марко Новески, Перо Георгиевски, Ирена Спировска, Катарина Ивановска, Јована Георгиева, Ивана Торес, Викторија Лоба, Димитар Атанасовски, Игор Стефановски – Иџе, Игор Ангелов, Гоце Андреевски, Гораст Цветковски и Столе Стоилов. Благодарение на нив, луѓето значително ги зголемија своите чекори за донација. Во нивно име беа купени 140 километри и средствата од акцијата ќе бидат искористени за реновирање на еден од семејните домови во СОС Детско село.

Од големо значење беше и тркачката заедница која во свое име купуваше километри за себе или за некој од амбасадорите. Тие ја покажаа својата хуманост и за време на самото експо и трката.

sekoj-kilometar-znaci-ja-pottikna-humanosta-preku-donacii-za-sos-detsko-selo-na-skopje-run-10k-2.JPG

#СекојКилометарЗначи се реализираше на неколку нивоа. Покрај километрите, се донираше и со купување на dry – fit маици и директно за време на трката и експото. Целата кампања успеа да обезбеди 60.314 денари. Ова е доказ дека со нови и свежи идеи може да се помести границата на конвенционалното и дека луѓето во Македонија имаат големо срце чие биење е резервирано за оние на кои им е потребна помош.

Успехот на #СекојКилометарЗначи се должи на одличната соработка помеѓу Сојуз на спортови на Град Скопје, СОС Детско село и поддршката од познатите личности. Затоа тимот на Skopje Run 10K, Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон и Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје, заедно со Катарина Ивановска, Викторија Лоба, Игор Стефановски – Иџе, Димитар Атанасовски, Петар Георгиевски - Камиказа и Андреј Стојаноски го посетија СОС Детско село. Таму им беа доделени благодарници за нивниот ангажман од страна на Александра Спасевска, експерт за развој на фондови и комуникации во СОС Детско село.

sekoj-kilometar-znaci-ja-pottikna-humanosta-preku-donacii-za-sos-detsko-selo-na-skopje-run-10k-3.JPG

Децата беа пресреќни што можеа да ги видат и поздрават луѓето кои им помагаат. Сојуз на спортови на Град Скопје и СОС Детско село се надеваат дека овој тип на соработка ќе продолжи и во иднина. Тие упатија благодарност до секој што донирал и што помогнал на СОС Детско село, потенцирајќи дека тие се клучниот фактор за зголемување на основната човекова доблест, хуманоста.

sekoj-kilometar-znaci-ja-pottikna-humanosta-preku-donacii-za-sos-detsko-selo-na-skopje-run-10k-4.JPG

sekoj-kilometar-znaci-ja-pottikna-humanosta-preku-donacii-za-sos-detsko-selo-na-skopje-run-10k-5.JPG

sekoj-kilometar-znaci-ja-pottikna-humanosta-preku-donacii-za-sos-detsko-selo-na-skopje-run-10k-6.JPG

sekoj-kilometar-znaci-ja-pottikna-humanosta-preku-donacii-za-sos-detsko-selo-na-skopje-run-10k-7.JPG

sekoj-kilometar-znaci-ja-pottikna-humanosta-preku-donacii-za-sos-detsko-selo-na-skopje-run-10k-8.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg