Golden Drum ја потврди лидерската позиција на McCann во регионот

На јубилејното, 25-то издание на Фестивалот Golden Drum, McCann Worldgroup  по петти пат беше прогласена за најдобра агенциска мрежа, додека наградата Golden Drum Adriatic за најдобар регионален проект отиде во рацете на McCann Подгорица и McCann Белград за кампањата „Несакана“ (“Neželjena”). Овие престижни признанија уште еднаш ја потврдуваат водечката позиција на McCann агенциите во регионот.

golden-drum-ja-potvrdi-liderskata-pozicija-na-mccan-vo-regionot-1.jpg

„Годинешниот успех на Фестивалот Golden Drum претставува уште една меѓународна потврда за квалитетот на нашето работење и тимовите во агенциите. Им благодарам на партнерите за нивната доверба и им честитам за освоените  награди на овој Фестивал, но и на сите досегашни фестивалски достигнувања. Навистина сме горди што 5-ти пат по ред ја понесуваме титулата најдобра агенциска мрежа“, изјави Владимир Димовски, Главен извршен директор на McCann Adriatic.

Проследете ја силната порака што ја носи кампањата „Несакана“ (“Neželjena”) овде:

https://www.youtube.com/watch?v=LYpkbzsjsCg

Во конкуренција од 1200 пријавени проекти од 28 земји, Меѓународното жири ја награди кампањата „Несакана“ (“Neželjena”) со две златни и едно сребрено признание. Со вкупно 175 поени, групацијата McCann Worldgroup ја освои наградата „Златна мрежа“ (Golden Net), со што ја поведе титулата Агенциска мрежа на годината.

Во листата на финалисти се најде и кампањата “The Red Thread”, осмислена за компанијата Coca-Cola.

Кампањите се резултат на интегриран пристап и реализација со блиска соработка со агенциите UM Подгорица за проектот „Несакана“ (“Neželjena”) и UM Белград за проектот “The Red Thread”.

Фестивалот Golden Drum е еден од најважните меѓународни Фестивали во адвертајзингот во кој традиционално учествуваат најдобрите агенции од светот. Оваа година, во организација на Словенечката комора за адевертајзинг, беше реализирана 25-тата јубилејна едиција на Фестивалот.

golden-drum-ja-potvrdi-liderskata-pozicija-na-mccan-vo-regionot-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Живее во Белград, има 12-годишна ќерка: Каде е и што прави Здравкица Милиќ од „Скај селекшн“? „Токму во периодот кога се подготвував за приемниот испит на Филолошкиот факулте...
Миро Кацаров, Лепа Брена - Кои познати личности ги прифатија децата на партнерите како свои? Саша Ковачевиќ за Искра, ќерката на неговсата сакана Зорана, вели дека иако не м...
Киро Урдин: Му дадовме уметнички аспект на визуелното решение за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ Оваа година мултимедијалниот уметник Киро Урдин е автор на плакатот за 46. издан...
Нашиот Марјан Петров ја нашминка Лепа Брена во Белград: „Ме пречека во нејзиниот дом, среќна фамилиј... „Брена ми отвори врата кога дојдов во куќата каде што живее, а потоа ме пречека ...
Маја Оџаклиевска блеска на 72 години - Издоминира во мини фустан на фестивал во Белград (видео) „Каква божествена жена! Единствена Маја, не само поради гласот кој се препо...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...

Најчитани неделава