Креативната индустрија е важна за развојот на регионот

Минатата недела во Белград, во присуство на водечките имиња од маркетиншкиот свет кои работат во европските и американските агенции на МcCann, беше одржана првата работна конференција на која се дискутираше за иднината на креативната индустрија. На дводневниот настан се дискутираше за предизвиците на брзиот технолошки развој кои стојат пред маркетингот, како и влијанието на локалната култура во креирањето на кампањите за брендовите.

kreativnata-industrija-e-vazna-za-razvojot-na-regionot-1.jpg

Основачот на I & F McCann Group и домаќин на настанот, Срѓан Шапер, истакна дека оваа средба претставува можност за размена на искуствата и мислењата за иднината на маркетингот.

kreativnata-industrija-e-vazna-za-razvojot-na-regionot-4.jpg

"Средбите од ваков вид претставуваат одлична можност да зборуваме за понатамошниот напредок на агенциите, за на што подобар начин да придонесеме кон надминување на деловните предизвици на нашите клиенти, како и размена на вработените во рамките на агенцијата McCann. Во глобалното општество, каде што не постојат граници, луѓето сè побрзо се поврзуваат и креираат добри идеи што произведуваат резултати.  Како да се биде ефикасен е честа тема на нашите состаноци, а прв пат за тоа сите отворено дискутиравме во Белград, за што сум горд, бидејќи креативната индустрија е исклучително важна за економијата во регионот ", рече Срѓан Шапер.

kreativnata-industrija-e-vazna-za-razvojot-na-regionot-5.jpg

Главните заклучоци кои произлегоа од дискусијата беа потенцирани и од Претседателот на Global Clients & Business Leadership McCann Worldgroup, Нанет Дуфор и Марк Лунд, главен извршен директор на McCann Worldgroup Велика Британија, кои ги истакнаа предностите од големината на McCann и во поглед на учењето и размената на искуствата, но и синергијата при адаптирањето потребите на меѓународните брендови за локалните потреби.

kreativnata-industrija-e-vazna-za-razvojot-na-regionot-3.jpg

kreativnata-industrija-e-vazna-za-razvojot-na-regionot-2.JPG

Исто така, главната поента на оваа дискусија беше и развојот на самата идеја како постулат на успешните маркетинг кампањи и стратегии, како клуч за успехот и константа која  не се менува, особено во способноста паметно да се прилагоди идејата во современото дигитално живеење.

I & F McCann Групацијата покажа дека нашиот регион е важна точка во светскиот маркетинг и дека деловните предизвици се исти, без оглед на пазарот во кој делуваат компаниите.

Би можело да ве интересира:

Живее во Белград, има 12-годишна ќерка: Каде е и што прави Здравкица Милиќ од „Скај селекшн“? „Токму во периодот кога се подготвував за приемниот испит на Филолошкиот факулте...
Дејан Манасков стана татко - еден месец по свадбата сопругата Билјана роди син Веста за раѓањето на бебето ја сподели Тамара Тодевска, на која Дејан ѝ е кум. Т...
Марко Пејчиновски: „Како мали со брат ми го видовме татко ни како чисти една гнасна кофа - добивме в... „Го прашавме татко ни: „Како не ти е гнасно тоа да го чистиш?“ Тој престана со м...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Лила Филиповска се врати на работа во хит аутфит со влечки - по патувањето со другарите во Белград „Јас го сакам животот и тој ме сака мене… Едноставно е“, вели Лила Филиповска и ...
Катарина Ивановска за светската кариера: „Не знаев ни да одам на штикли, на 17 години заминав сама в... „Не знаев ни да позирам, ни да одам на штикли, поим немав, влегов во нешто непоз...

Најчитани неделава