Фокусирај се на важното - Започна едукативната кампања на пензиските друштва

Пензиските друштва Сава пензиско друштво АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, во соработка со Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), започнаа со информативно-едукативната кампања за функцијата на пензиските столбови – „ФОКУСИРАЈ СЕ НА ВАЖНОТО!“

fokusiraj-se-na-vaznoto-zapocna-edukativnata-kampanja-na-penziskite-drustva-01.jpg

Целта на оваа кампања е подигнување на свесноста и информираноста кај населението за работата на пензиските друштва, како и предностите од направената пензиска реформа, фокусирајќи се на работата на вториот задолжителен пензиски столб.

Со направената реформа во 2006 година, дел од придонесите за пензиско и инвалидско осигурување се акумулираат во еден од двата задолжителни пензиски фонда од вториот столб и истите се инвестираат со цел остварување принос и капитализација на парите на идните пензионери, при што ќе се намали товарот врз Буџетот на Државата за покривање на пензиите од првиот столб.

Како резултат на добрите инвестиции и остварените добивки на пензиските друштва, КБ Прво пензиско друштво и Сава пензиско друштво во периодот од почетокот со работењето до 30.9.2018 година, сметководствената единица на задолжителните пензиски фондови (втор столб) имаше просечен годишен раст од 5,64 %*.

Пензиските друштва преку кампањата повикуваат на зголемување на интересот на сите граѓани за нивните лични пензиски заштеди, ажурирање на личните податоци и користење на можноста за редовна проверка на состојбата на нивната пензиска сметка.

Истражувањата на пензиските друштва покажуваат дека бројот на членови што редовно си ја следат состојбата на пензиската заштеда преку интернет-страните на пензиските друштва или кои повремено бараат дополнителни извештаи за пензиска заштеда е мал и наспроти очекувањата, расте многу бавно.

Пораката на пензиските друштва, пренесена во оваа кампања, е да се поттикне членството во фокусот на вниманието да вклучи еден особено важен сегмент од животот и планирањето на иднината, информацијата за состојбата и движењето на пензиската заштеда.

Проверете ја состојбата на вашата пензиска сметка и дознајте повеќе за вашата пензиска заштеда на penzija.mk.

fokusiraj-se-na-vaznoto-zapocna-edukativnata-kampanja-na-penziskite-drustva-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава