Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Самостојна изложба на Горан Боев во Струмица

На 2 ноември 2018, во 19:00 часот во Домот на културата во Струмица ќе биде отворена самостојна изложба на реномираниот академскиот сликар Горан Боев. На изложбата ќе бидат претставени најновите ликовни дела на овој исклучително продуктивен автор, академскиот сликар, извонреден сликар, кој последнава деценија остава трага на македонската ликовна сцена, со својата оригиналност, мајсторство и вештина каква ретко се среќава, кој остави силен впечаток со својот карактер и уметнички израз, будејќи ново искуство кај сите.

samostojna-izlozba-na-goran-boev-vo-strumica-1.jpg

Во своите нови дела Боев експериментира со боите и формите, користи геометриските форми – квадрат, круг, триаголник, или кубизам лишен од било каков субјективизам, со цел да постигне драматичност и сензибилитет.

Или како што наведува писателот Тодор Богев: Експресија и тотална слобода на уметникот во експериментирањето со боите и формите.

Да се пробуваат разни техники и стилови е природно и препорачливо, за еден уметник. Да се инсистира на некаков стил или техника на работа со која уметникот формално би бил препознатлив и со тоа да се задоволи „ликовната” суета, е само по себе лимитирање на креативноста. Погрешно е по секоја цена да се инсистира на препознатливост и печат! Подобро е уметникот да биде разностран и креативен, отколку некаква своја „оригиналност” да ја затвори во медиокритетски рамки. Моите нови дела се резултат на пробување нешто ново, свое, одраз на мојата внатрешност, изјави Боев

samostojna-izlozba-na-goran-boev-vo-strumica-8.jpg

Боев, вели дека уметничкото дело, еднаш изведено од раката на уметникот, продолжува да егзистира самото по себе и да сведочи за својата вредност, оставајќи му простор на рецепиентот самиот да ја дешифрира идејата, ја поттикнува неговата имагинација и желба самиот да го осознае нејзиното значење, притоа создавајќи мистичност, што придонесува кон уште поголема привлечност и взаемен флуид. Уметноста спојува, збогатува, провоцира, поттикнува и разгалува. Таа не познава граници, временски ограничувања, таа е над се, одраз на индивидуална перцепција на уметникот, на игрите од детството и комплексноста и одговорноста во зрелото доба, таа е измешано дело на свеста и подсвеста.

samostojna-izlozba-na-goran-boev-vo-strumica-2.jpg

Горан Боев, е родум од Кавадарци, магистрирал 2009 на ФЛУ под менторство на проф. Симон Шемов. Дипломец на ФЛУ Скопје во класата на Благоја Маневски, а во учебната 2004-2005 година е избран за најдобар студент и добитник на наградата „26 Јули-Франк Манинг”

Магистер на Факултетот за Ликовна Уметност.

„Почесен граѓанин” на град Кавадарци за своето уметничко творештво. Сликар кој изминативе неколку години ги црташе фреските во новиот параклис во комплексот на манастирот Свети Јован Бигорски

Работел и како асистент на Европскиот универзитет, на факултетот за Арт и дизајн-Скопје - предмет техники на цртање и техники на сликање. Член е на ДЛУМ.

samostojna-izlozba-na-goran-boev-vo-strumica-3.jpg

samostojna-izlozba-na-goran-boev-vo-strumica-4.jpg

samostojna-izlozba-na-goran-boev-vo-strumica-5.jpg

samostojna-izlozba-na-goran-boev-vo-strumica-6.jpg

samostojna-izlozba-na-goran-boev-vo-strumica-7.jpg

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Горан Алачки ужива со саканата Марина на Малдиви, по повод нејзиниот роденден (фото) Хармоникашот Горан Алачки (59) изгледа повљубено од кога било на Малдиви со свој...
Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg