Одбележан Светскиот ден на квалитет - Бимилк ги отвора вратите за своите потрошувачи

По повод Светскиот ден на квалитет, кој секоја година се одбележува во ноември, Бимилк ги отвора вратите за своите верни потрошувачи.

odbelezan-svetskiot-den-na-kvalitet-bimilk-gi-otvora-vratite-za-svoite-potrosuvaci-1.jpg

Имено, на 15 ноември 2018 година, компанијата ги кани сите заинтересирани потрошувачи на т.н. „отворен ден“ во млекарата, со цел да имаат можност одблиску да го запознаат производствениот процес, а воедно и да ги дегустираат нивните производи.

Отворениот ден во Бимилк ќе трае од 13 до 16 часот, а низ целиот процес посетителите ќе ги дознаат начините на кои се произведуваат различните млечни производи, како и процесите низ кои истите минуваат, и тоа од клучните технолози за производство во компанијата.

„Како компанија со традиција близу 70 години, секојдневно сме присутни речиси во секој дом во Македонија и нашите потрошувачи веќе имаат изградено силна врска со производите. Токму затоа сакаме да им дадеме можност и одблизу да ги запознаат процесите на работењето на компанијата и самите да се уверат во создавањето на квалитетен и безбеден производ, во современата технологија и имплементацијата  на стандардите за квалитет. Затоа на наше големо задоволство, ги повикуваме сите наши лојални потрошувачи заедно да го одбележиме Светскиот ден на квалитет“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Светскиот ден на квалитет оваа година се одбележува денес, на 8-ми ноември и истиот има за цел да ја подигне свесноста на јавноста за потребата од спроведување на норми за квалитет во секоја компанија и организација.

odbelezan-svetskiot-den-na-kvalitet-bimilk-gi-otvora-vratite-za-svoite-potrosuvaci-2.jpg

Бимилк како компанија која годишно преработува и повеќе од 40 милиони литри млеко, соработувајќи со над 1400 фармери кооперанти ширум Македонија, има имплементирано бројни сертификати за квалитет, чие спроведување бара максимална тимска вклученост на сите чинители на производствениот процес – од примарното млекопроизводство од страна на добавувачите, преку строгата контрола на сите процеси, па сѐ до дистрибуцијата и продажбата.

Познавајќи ја важноста и сложеноста на процесот на одржување на квалитет, Бимилк традиционално, секоја година, го одбележува Светскиот ден на квалитет преку различни активности, често организирајќи и слични отворени денови за сите заинтересирани граѓани, фирми и бизнис-партнери, со цел да им овозможи на своите купувачи запознавање со процесите на производство и контрола.

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...

Најчитани неделава