Радиолошки апарати од Жито Лукс за Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле

(Скопје, 8 јанури 2018) – Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле доби нова донација од Жито Лукс, негатоскопи. Донацијата е дел од континуираниот општествено одговорен однос на компанијата кон здравствените установи кои третираат белодробни заболувања кај децата и истата се спроведува во рамките акцијата „Сè за децата“ на Институтот Козле.

radioloski-aparati-od-zito-luks-za-institutot-za-belodrobni-zaboluvanja-kaj-decata-kozle-01.jpg

Негатоскопите се технолошки напредна опрема дизајнирана за читање на рендгенските х-зраци и се наменети за радиолошка дијагноза.

Загадувањето на воздухот е актуелен проблем кој е причина за голем број респираторни заболувања кај луѓето. Најпогодени од целата ситуација се децата и токму затоа нашето внимание, како општествено одговорна компанија, го насочивме кон детските здравствените институции“, изјави Лидија Трајковска Ристевска, Маркетинг менаџер во Жито Лукс.

radioloski-aparati-od-zito-luks-za-institutot-za-belodrobni-zaboluvanja-kaj-decata-kozle-02.jpg

Оваа е веќе трета донација од компанијата Жито Лукс за Институтот Козле и новите апарати значително ќе ја подобрат неговата работа и навремената интервенција.

По континуираната поддршка и активната грижа, во компанијата Жито Лукс препознаваме многу повеќе од општествено одговорна компанија, таа веќе е пријател на оваа здравствена установа и на децата што тука се лекуваат. Секоја донација ни е добредојдена, но посебно нè радува кога станува збор за донација на современа опрема којашто може многу да ни помогне во прецизна, брза и навремена дијагноза“, изјави Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле.

Би можело да ве интересира:

Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...
Луксузната свадба на Јована од Свети Николе и Петар од Прилеп - регистрација со дрес код, срце од 2 ... „Бев вклучена во секој чекор од декорацијата, па покрај тоа што имаше луѓе што с...
Франц со сопругата и децата ужива на одмор на островот Ана Марија - се наоѓа во Флорида, има бели пе... Совршеното зајдисонце на островот Ана Марија им ги освои срцата на Франц и негов...
Аделина Тахири му прослави 7-ми роденден на синот со луксузна забава - се појави во чевли налик на б... Аделина, како и секогаш, воодушеви со стајлингот - овој пат избра црн фустан со ...
Амела од Скопје со лично искуство: „Ќерка ми на училиште беше претепана и исмевана, син ми беше удре... „Колкупати викав дека воспитувањето почнува и завршува дома? Ќерка ми денес одби...

Најчитани неделава