Макпрогрес со донација на производи е вистински пријател со срце на децата од СОС Детско Село

Макпрогрес доо донираше производи во меѓународната невладина организација за социјална заштита на децата -  СОС Детско Село Македонија. Донирани беа пакети со храна од широката палета на производи од брендовите: Сончева Долина, Армониа, Натура и Винчини, на своите штитеници во СОС Детското Село - Македонија.

makprogres-so-donacija-na-proizvodi-e-vistinski-prijatel-so-srce-na-decata-od-sos-detsko-selo-01.jpg

Овие пакети ги добија сите 12 семејства кои живеат во 12 – те куќички во склоп на комплексот.  Со овој гест, Макпрогрес уште еднаш покажа дека е вистински пријател со срце на децата од СОС Детско Село со приоритет, како општествено одговорна компанија, подобрување на условите и квалитетот на живеење на загрозените категории граѓани во Република Македонија.

 “Оваа донација е резултат на нашата соработка со СОС Детско Село. Преку низа вакви гестови, сакаме на дечињата да им покажеме дека секогаш ни се во мислите и дека се грижиме за нив и нивната благосостојба. Она што можеме, е да им овозможиме богата и разновидна трпеза во топлината на нивните домови и СОС семејства. Се надеваме дека тие ќе уживаат во здрави и вкусно приготвени оброци и десерти, а ние и понатаму ќе уживаме во нивното друштво и заеднички активности“  - изјавија од Макпрогрес.

СОС Детско село Македонија е дел од големото семејство на меѓународната организација СОС Детски села интернационал. Главната дејност е насочена кон поддршка на деца без родители и родителска грижа, деца и семејства во социјални ризици, како и активности во полето на социјалната заштита. Во организацијата СОС Детско Село згрижените деца добиваат можност да растат во заедница каде наоѓаат сигурност, љубов и топлина.

makprogres-so-donacija-na-proizvodi-e-vistinski-prijatel-so-srce-na-decata-od-sos-detsko-selo-02.jpg

Би можело да ве интересира:

„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...

Најчитани неделава