Филм и грицки – љубовна приказна која трае!

Можеби за многумина дождот и студот најдобро одат во комбинација со чај, но сигурно не е мал бројот и на оние кои повеќе сакаат да се опуштат со добар филм или серија.

film-i-gricki-ljubovna-prikazna-koja-trae-01.jpg

Има ли подобро нешто од вечер или викенд поминат под ќебе со филмски маратон или нова сезона од серијалот што долго сте го чекале? Ако се уште немате листа со наслови, би можеле да ви го олесниме изборот со неколку тематски предлози:

1. Третата сезона на мегапопуларната серија „Вистински детектив“ излезе со три епизоди, и веќе умешно како и секогаш до сега не заплетка во својата мистерија. Врвни кинематско доживување, од фотографија и музика до сценарио и кастинг. „Вистински детектив“ е серија која не смеете да ја пропуштите.

2. Првата серија на "ХБО Европа" во јадранскиот регион – "Успех" – во режија на добитникот на Оскар, Данис Тановиќ, ни прикажува четири лица што не се познаваат меѓусебно а ги поврзува еден насилен настан.

film-i-gricki-ljubovna-prikazna-koja-trae-02.jpg

3. Петтата сезона на „Викинзи“ која долго ја очекувавме е тука. На какво патување овој пат ќе не однесат нашите нордиски херои?

Можете на пример да одберете филмови само со вашиот омилен актер, актерка или режисер, едноставно впишувајќи го името на познатиот филмски сајт IMDB. Или организирајте вечер на Оскари, па бирајте само филмови кои добиле Оскар за најдобар филм.

„Формата на водата“

„Ла Ла Ленд“

„Викај ме по твоето име“

се само неколку прекрасни филмови кои ги пропуштивте минатата година, обавезно треба да ги изгледате.

А, зошто да не и посветите една вечер и на македонската кинематографија, па да погледнете нешто од домашна продукција кои сте ги пропуштиле. Навистина има што да се погледне.

Серијата „Преспав“ ја развесели Македонија со несекојдневен, но сепак познат за овие простори хумор. Оваа наша сакана серија веќе ја заврши третата сезона и се чини нема намера тука да запре.

Но, што е филмска вечер без грицки? Кога веќе ви помогнавме околу изборот на теми, дозволете ни да ви препорачаме и вкусна и здрава замена за популарната, но нездрава занимација пред ТВ.

Безглутенските крекери на Виталиа можат да бидат одлично друштво за гледање филм. Изборот е вкусен и нутритивен. Пред да се пикнете под ќебе, тркнете до најблиската продавница и снабдете се со безглутенски крекери со семиња. Ако сте за блага варијанта, гранола бар Виталиа со јаболко и цимет совршено се вклопува со секој жанр.

film-i-gricki-ljubovna-prikazna-koja-trae-03.png

Ако не ви се погоди филмот, барем сами погодете си го вкусот.

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава