Vip е првата компанија во Македонија која воведе еФактура со дигитален електронски потпис

Скопје, 5 март 2019г. – Телекомуникациската компанија Vip успешно воведе електронска фактура со дигитален потпис, уште еден проект со кој ја засилува дигиталната трансформација во општеството. Имплементацијата на проектот е во соработка со македонската компанија Некстсенс.  Со употреба на Nextsense Signing Server се овозможи дигитално потпишување на електронските фактури. Освен за оваа намена, решението за дигитално потпишување на Некстсенс, преку интеграција со други компаниски системи, ќе овозможи и аплицирање на дигитален организациски печат и/или временски жиг и во други апликации кои користат дигитални документи.

vip-e-prvata-kompanija-vo-makedonija-koja-vovede-efaktura-so-digitalen-elektronski-potpis-001.png

Скопје, 5 март 2019г. – Телекомуникациската компанија Vip успешно воведе електронска фактура со дигитален потпис, уште еден проект со кој ја засилува дигиталната трансформација во општеството. Имплементацијата на проектот е во соработка со македонската компанија Некстсенс.  Со употреба на Nextsense Signing Server се овозможи дигитално потпишување на електронските фактури. Освен за оваа намена, решението за дигитално потпишување на Некстсенс, преку интеграција со други компаниски системи, ќе овозможи и аплицирање на дигитален организациски печат и/или временски жиг и во други апликации кои користат дигитални документи.

Решението за  дигитален електронски потпис на месечната сметка за комуникациски услуги им  овозможува на бизнис корисниците на Vip да добиваат фактури со гарантирана автентичност, интегритет на содржината и еднаква легитимност како и печатените фактури кои ги добиваа досега. Ова решение е целосно во согласност со Законот за ДДВ член 53-б и овозможува ефикасно книжење и евиденција на сметките и на документацијата за компаниите.

“Како компанија сме постојано насочени кон обезбедување на подобро корисничко искуство, што во овој случај резултира со заштеда на време за компаниите со што истите можат да ја подобрат својата ефикасност. Дополнителна придобивка од електронската сметка е можноста за лесна навигација низ различните сегменти на фактурата и до прегледот на услуги за секој мобилен или фиксен претплатнички број”, изјави Димитар Димитров, Директор на одделот за грижа за корисници во Вип.

Како членка на Телеком Австрија Групацијата, која опслужува над 25 милиони задоволни корисници во осум земји во Европа, Vip e меѓу првите компании со целосно дигитализиран процес кој ги инкорпорира сите неопходни стандарди и закони релевантни за дигитални документи.

Би можело да ве интересира:

Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Иван Јованов: „По операцијата 20 дена не можев збор да изговорам, имам психички проблеми“ „Ми беше шокантно, не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам ...
Дејан од Куманово ја запроси Викторија во Словенија: „Добив две медала, еден бронзен, а другиот таа ... „После 8 години врска, чувствував дека е вистинскиот момент. Кога клекнав пред н...
Втор брак за Дани Димитровска, се венчаа тројца фудбалери - Свадбите на познатите Македонци во 2025 Дани Димитровска стапи во втор брак, Столе Димитриевски направи интимна венчавка...
Првпат по многу години, празнична магија и во Тетово - Новогодишна елка, неколку украси и светилки Иако во градот под Шара не е блескаво како во другите градови, сепак е празнично...
Сестрата на Тоше го одбележа неговиот роденден со торта со ангелски крилја и свеќички со број 45 Бела торта со крстови, ангелски крилја и неговиот препознатлив потпис, но и мафи...

Најчитани неделава