Сестрата на Тоше го одбележа неговиот роденден со торта со ангелски крилја и свеќички со број 45
- Детали
- недела, 25 јануари 2026
Внукот Кристијан објави фотки со него, а сестрата на Тоше, Дора, традиционално направи бела торта со крстови, ангелски крилја и неговиот препознатлив потпис, но и мафини со музички ноти и мини торта со свеќички со број 45, годините што ќе ги наполнеше денес Тоше Проески, ако не го загубеше трагично животот на 26...

Нашиот ангел, најголем хуманитарец и пејач со ангелски глас, Тоше Проески, се роди на 25 јануари 1981, a денес ќе наполнеше 45 години.
Неговата сестра Дора, со која беше многу близок, традиционално го одбележа неговиот ден со торта, на која за жал тој веќе не може да ги дувне свеќите.

Таа објави фотографија од бела торта, украсена со златни детали, меѓу кои крстови, но и неговиот препознатлив потпис, како и златни свеќички со бројот 45.
На масата има и мафини декорирани со музички ноти, како и мини торта со свеќи, но и погача, а во позадина две фотографии од Тоше.

Тоше беше многу близок со неговото семејство, а посебно беше приврзан за едниот внук Кристијан, синот на Дора.
Сега на својот Инстаграм профил, Кристијан по повод денот на раѓањето на неговиот вујко, објави низа фотографии од него и неколку заеднички, а во описот стави само емотикон од роденденска торта.






М. М. | Црнобело