Најнов хит во исхраната-протеин од грашок!

najnov-hit-vo-ishranata-protein-od-grashok-01.jpg

Последнава деценија, многу се зборува за протеинска исхрана, а особено во период на постови! Тоа резултираше да се појават производи како протеински барови и прашоци, адитиви во веганска и вегетаријански подготвена храна.

Протеините од сурутка и соја се некои од стандардните суплементи, но други растителни протеини забележаа зголемување на популарноста и помогнаа луѓето да се фокусираат на моќта на протеините во нивната секојдневна исхрана.

Докажано е дека исхраната базиранa на растителни продукти го намалува ризикот од угоеност, висок крвен притисок и дијабетес, така што многу потрошувачи се обратија кон овие вегански протеини за да ги добијат истите резултати. Еден таков протеин кој се докажа како многу ефикасен и е хит во исхраната на веганите и вегетаријанците ширум светот, е протеинот од грашок. Тој освен останатите поволни својства, ја подобрува и функцијата на бубрезите, го балансира нивото на глукоза во крвта и ја зголемува густината на мускулите. Протеинот од грашок е лесен за варење и е хипоалерген. Има одличен нутритивен состав, богат со аминокиселини кои помагаат во синтеза на мускулна маса и зголемен атлетски перформанс и лизин кој помага во претворањето на масните киселини во енергија.

На македонскиот пазар може да се најде протеин од грашок во прав, а Виталиа е прва компанија во регионот која го инкорпорира во своите производи.

najnov-hit-vo-ishranata-protein-od-grashok-02.jpg

Поддржувајќи ја револуцијата кон исхрана од растително потекло, Виталиа ги престави новите посни (веган) напитоци формулирани од соја и со додаден протеин од грашок  кои нудат низа здравствени бенефиции за целата популација, а посебно кон оние што водат вегански животен стил или практикуваат постење. Тие се богати и со растителни влакна од грашок, не содржат лактоза и имаат ниска количина на заситени масти.

Како што се зголемува популарноста  на растителните напитоци на глобално ниво, сега и македонскиот потрошувач има можност да ужива во супериорниот нутритивен состав на овој производ.

Можностите на консумација се многубројни, од самостоен напиток, до комбинација со вашите омилени мусли, житарици и овесни каши.

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Хит сцена во Скопје: Невеста отиде на гласање во венчaница, па си продолжи на својата свадба „Комплетно гламурозна на гласање“, се пошегува Сандра, која во венчаница, со мла...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Светлана Црнокрак е бикини божица на 49 години - позира со модни парчиња кои се хит летово Светлана изгледа како да го пронашла еликсирот за вечна младост, а успешно ја од...
Пеце од Суперхикс за летувањето во Албанија - се шегува дека е патлиџан турист, восхитен е од новите... Вели дека речиси и не постои место што не го посетил во оваа земја од информации...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...

Најчитани неделава