Виталиа општествено најодговорна компанија во рамките на проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи“

На вчерашниот завршен настан, во рамките на проектот „ Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи “ во организација на СОС Детско село Македонија, беа презентирани резултатите на проектот и се доделија плакети и признанија на клучните партнери и најуспешните корисници во проектот. Македонската компанија за производство на здрава храна „Виталиа“ се закити со плакетата за општествено најодговорна компанија и благодарност за успешната соработка и партнерството при реализација на проектот.  

vitalia-opstestveno-najodgovorna-kompanija-vo-proektot-socijalna-inkluzija-i-ekonomsko-zajaknuvanje-na-mladi-i-na-mladi-roditeli-vo-socijalen-rizik-preku-merki-za-generiranje-prihodi-01.JPG

Во рамките на проектот Виталиа овозможи  поддршка и вработување на млади вклучени во проектот и зема учество во реализација на практични обуки со цел стекнување вештини при вработување (симулација на работно интервју).

„ Нашата заложба да бидеме активни и корисни учесници во општеството е секогаш на прво место. Сметаме ека будноста и проактивноста е неопходна и од огромно значење за сите компании во нашата земја. Во време на општа социјална и економска криза, најголем придонес кон општеството се одразува со зголемување или барем задржување на сегашното ниво на вработување. Секоја платена заработувачка е извор на приход не само за вработениот и неговото семејство, туку и за другите припадници на локалната заедница кои работат и живеат од нивната потрошувачка. Драго ни е и среќни сме што нашите заложби имаат одек во средината во која работиме. Ова за нас претставува мотив да продолжиме да работиме во истата насока“-изјавија од Компанијата.

Проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи “ беше имплементиран со поддршка на Германското министерство за економска соработка и развој и Фондацијата Херман Гмајнер во рамки на Ресурсниот центар на СОС Детско село во општина Гази Баба. Со проектот се опфатени млади луѓе и млади родители од територијата на градот Скопје, со фокус на општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира:

Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Миа Костова за родителите: „Се разведоа кога се породив, мајка ми се пресели во Охрид - сега сум поб... „Бев многу блиска со мајка ми до пред извесно време, сега сме во океј односи, ко...
Трогателно писмо од мајка до ќерката Ивона, чиј живот згасна во „Пулс“ во Кочани: „Да те гушнев уште... „Ќерко моја, Ивона, ќе ти пишувам, иако те нема. Недостига твојот мирис, твојата...
Драгана од Скопје си ја изгуби алката со отпечатоци од родителите на Водно – девојка ѝ ја најде и ѝ ... „Накит и да го пронајде некој, нема начин да го пронајде сопственикот, затоа обј...

Најчитани неделава