Миа Костова за родителите: „Се разведоа кога се породив, мајка ми се пресели во Охрид - сега сум поблиска со татко ми“
- Детали
- сабота, 28 февруари 2026
„Бев многу блиска со мајка ми до пред извесно време, сега сме во океј односи, комуницираме. Имаше период кога имавме некои недоразбирање, кои можеби уште не се надминати, меѓутоа, вака, комуницираме. Сега, можам да кажам дека сум многу поблиска со татко ми“, рече Миа Костова во гостувањето кај Сергеј Варошлија.

Инфлуенсерката Миа Костова гостуваше во „Урок“, подкастот на Сергеј Варошилија и повеќе од два часа зборуваше за својот живот, синот, работата, првпат раскажа за дечкото со кого била во токсична врска на само 14 години, а зборуваше и за родителите.
Таа кажа дека мајка ѝ Оливера и татко ѝ Тони ѝ биле огромна поддршка додека била помала и дека токму тие како родители ѝ помогнале да се оттргне од мафијашот од Центар во кој била заљубена како дете, а кој ја малтретирал.

Но, тие се развеле во времето кога Миа го родила синот Андрија, по што мајка ѝ си заминала да живее во Охрид, а татко ѝ останал во Скопје.
„Таква беше ситуацијата. Не бев јас во фокусот, едноставно. Тие се оставија, сестра ми остана со татко ми, мајка ми замина да живее во Охрид и јас бев со бебето сама.
Финансиски немале можност никогаш да ми помогнат, а морално и физички, едноставно кој колку можеше.

Мајка ми знаеше да дојде еднаш во два месеци, знаеше да го земе Андрија еднаш во три месеци во Охрид на 5-6 дена, меѓутоа не беше така некој да ти е константно тука, да ти се најде, да ти помогне за јас да можам да работам, да одам на повеќе работни места без да ми е пренапорно.
Од овој аспект често знам да си речам ‘Алал да ми е’.“

Сергеј ја праша и во каков однос е денес со родителите, односно со кого од двајцата е поблиска.
Миа се замисли пред да одговори:
„Па, можам да кажам дека бев многу блиска со мајка ми до пред извесно време, сега сме во океј односи, комуницираме.
Имаше период кога имавме некои недоразбирање, кои можеби уште не се надминати, меѓутоа, вака, комуницираме.
Сега, можам да кажам дека сум многу поблиска со татко ми.

Татко ми доаѓа секој ден кај мене дома да ме види, да ме праша, да земе нешто, да донесе нешто.
Мислам дека сестра ми Ена му е поголема слабост на татко ми.
Јас бев со мајка ми многу врзана, зашто знаеш како, многу долго бев единица, ја добив сестра ми кога имав 13 години.
И имам чувство дека бев „мезимчето“ на мајка ми долги години пошто бев една, а Ена пошто остана со татко ми по разводот, мислам дека тоа повеќе ги зближи“.

Прочитајте и Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој шамар“
Целото интервју погледнете го на линкот подолу:
А. Ј. | Црнобело