Завиден пораст на приходите во првиот квартал

Инвестициите во долгорочниот развој на дистрибуцијата и континуираниот раст на сите пазари, го одбележаа кварталот

zaviden-porast-na-prihodite-vo-privot-kvartal-001.jpg

Загреб, 30 април 2019 - Атлантик Група во првиот квартал на 2019 оствари приходи од продажба во износ од 160,1 милион евра, во споредба со истиот период во 2018 година, што претставува раст од 5,1 отсто. Добивката од работењето (EBIT) изнесува 14,0 милиони евра, што претставува раст од 24,3 отсто, додека нето добивката по малцински интереси изнесува 10,8 милиони евра, што претставува раст од 31,4 отсто во споредба со првиот квартал минатата година.

"Извештајот од првиот квартал потврдува дека Атлантик Група одлично започна уште една деловна година. На сите значајни пазари, остваривме огромен пораст на приходите од продажба, со континуирани инвестиции во сопствените брендови, логистичко-дистрибутивните операции и иновативните деловни процеси. Продолживме да ги продаваме нестратешките деловни операции и да инвестираме во развојот на дистрибутивниот бизнис, како и да ги развиваме сопствените способности и да го  прошируваме портфолиото. Дополнителните намалувања на долгот и значително пониските финансиски трошоци, ни овозможуваат да се фокусираме на уште поамбициозно планирање на идниот раст ", истакна извршниот директор на Емил Тедески.

Argeta, пијалаците и хрватскиот пазар си најзабележителна стапка на пораст

На вкупниот пораст на приходите од продажбата, најмногу влијаеа Стратешките деловни подрачја Деликатесни Намази со пораст од 14,7 отсто и Пијалаците со пораст од 9,6 отсто. Со 31,9 милиони евра приходи од продажба и 19,9 отсто од вкупните приходи, Кафето се издвојува како најголема поединечна категорија. Во дистрибутивниот бизнис, сите пазари остварија пораст, а најзначајно – за  дури 13,7 отсто, порасна хрватскиот пазар. Во вкупната продажба, сопствените брендови сочинуваат 65,8 проценти, главните дистрибутивни брендови 25,3 проценти а, фармацевтскиот синџир Фармација учествува со  8,9 отсто.

Продолжување на продажбата на операциите со неликвидно деловно работење и инвестирање во дистрибуцијата

Првиот квартал беше обележан со продажбата на остатокот од Спортска и активна исхрана, односно брендовите Multipower, Champ и Multaben сплотени во компанијата Tripoint - долгогодишен дистрибутивен партнер во овој сегмент на германската компанија Genuport. Тоа е продолжение на корпоративната стратегија  за продавање операциите со неликвидно деловно работење, а Атлантик продолжува со дистрибуција на брендовите за спортска и активна исхрана во Хрватска, Австрија, Италија и Србија.

На крајот од март, Атлантик Група отвори нов, модерно опремен логистичко - дистрибутивен центар во близина на Велика Горица, со кој обезбедува соодветна логистичка поддршка за долгорочен развој на дистрибутивниот бизнис. Инвестицијата за изградба и опремување на центарот во вредност од околу 20 милиони евра, е реализирана во соработка со компанијата Kamgrad, а во првата фаза е предвиден капацитет за складирање од 30.000 палетни места, со можност за модуларно проширување во согласност со бизнис потребите. Потврдата за стратешката важност на дистрибуцијата доаѓа и со понатамошното проширување на дистрибутивниот бизнис преку соработка со нови брендови, а по потпишувањето на договорот со германската Hipp во Македонија на почетокот на кварталот, предвидена е и соработка со компанијата Beiersdorf на истиот пазар..

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри за односот со бившиот сопруг: „Син ми нема полубрат, ниту брат – фамилијата е таа с... „Фамилијата е таа со која растеш“ – рече Кристина Димитри на прашањето дали Дани...
Миа Костова за летувањето на Корзика: „Ден на плажа е минимум 200 евра, поубаво море нема да видите,... „Ако некогаш се решите за Корзика, гледајте да имате убава куќа во која може и д...
Анета од Битола ја донираше косата за дечиња болни од рак: „Ја растев 2 години, никогаш не сум ја фа... Македонската тениска судијка Анета Павловска ја скрати својата долга коса и ја д...
„Вистинската личност ја вади најдобрата верзија од тебе“ – Мартин од Некст Тајм сподели нови фотки о... Страстен бакнеж за време на првиот свадбен танц на дожд, гости кои со чадори чек...
Јелена Спенџарска за патувањето во Дубаи: „Потрошив 500 евра за една недела, возењето со такси е мно... „Во Дубаи можете да се храните по ресторани, но и да купите храна од супермаркет...
Миа Костова: „Вчера и денес сме собрале околу 450.000 денари за Леонид“ „Ви благодарам по милионити пат на сите што дониравте и купувавте!“ – Миа Костов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg