Што треба да јадат децата нетолерантни на лактоза?

За многу деца, сладолед, парче торта или чаша ладно млеко по ручекот, може да значи ден, исполнет со стомачни тегоби, грчеви, гасови и дијареа. Децата кои имаат вакви тегоби по консумирањето млечни производи, најверојатно се нетолерантни на лактоза, што е предизвикано од недостаток на лактаза – ензим во желудникот кој е одговорен за разградување на млечниот шеќер – лактоза. Кога нема доволно лактаза во телото, лактозата не се разложува во тенкото црево, па преминува во дебелото црево, каде тамошните бактерии ја ферментираат во гасови и киселини.

sto-treba-da-jadat-decata-netolerantni-na-laktoza-001.jpg

Овој процес може да предизвика грчеви, абдоминална болка, гасови и дијареа, околу 30 минути до 2 часа по консумирање на било која храна или пијалаци кои содржат лактоза. Некои деца покажуваат многу сериозни  симптоми и нивните системи не можат да толерираат ни малку лактоза. За други, симптомите се поблаги и тие само треба да го ограничат количеството на млечни производи што го консумираат или да најдат безлактозни супститути. За некои деца пак, тоа е привремена состојба која започнува како нус појава од одредени антибиотици или по заздравена гастроинтестинална инфекција. Во овој случај, по некој период симптомите исчезнуваат.

Сериозноста на нетолеранцијата на лактозата може да варира помеѓу децата. Бидејќи секој случај е различен, не постои еден едноставен начин за справување со неа. Секој родител треба да му помогне на своето дете да го најде она што најдобро функционира за него во зависност од симптомите. Додека децата со најтешки случаи треба да ги избегнуваат млечните производи во целост, лекарите препорачуваат повеќето деца да консумираат млечни производи за да ги одржат нивоата на калциум, витамин Д и протеините во телото, кои се круцијални за растот и развојот. Калциумот е од суштинско значење за растот и поправката на коските во текот на животот и е превентивна мерка за многу други болести. Витаминот Д е неопходен за телото да го апсорбира калциумот. Затоа, исхраната на вашето дете, мора да содржи соодветно ниво витамин Д. Бидејќи млекото и другите млечни производи се главен извор на калциум, родителите на децата кои се нетолерантни на лактоза се загрижени. Но нема потреба од тоа бидејќи за таа причина веќе постојат и се достапни на полиците во супермаркетите многу безлактозни производи. Млекото без лактоза е еден одличен начин, вашето дете да ги задржи нивоата на калциум во телото. Него може да го користите за домашен сладолед, чоколадно млеко торта или сос – сите работи од кои вашето дете било досега лишено.

Тврдите сирења, како што се чедарот и пармезанот, содржат ниска количина на лактоза и обично добро толерирани. Путерот, маргаринот и маслото обезбедуваат енергија и се богати со некои витамини. Тие се ниски во лактоза и обично се толерираат во мали количини.

А за оние кои не можат да поднесат ни најмали количества лактоза, педијатарот може да препише додаток на калциум во исхраната, ако вашето дете не може да добие доволно калциум од неговата исхрана.

Би можело да ве интересира:

Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Тамара на летување со децата во Грција – ги одведе во циркус, се возат на фотелја додека ги влече гл... Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко ...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg