Дали сте интолерантни на лактоза? Алпско и Synlab ви помагаат за живот без тегоби!

Во последно време сè повеќе се зборува за исхрана без лактоза. Тоа е проблем на голем број луѓе низ светот, но не секој од нив  знае од што му се појавуваат стомачните тегоби кога консумира млечни производи а особено млеко. Се работи за интолеранција на т.н. млечен шеќер наречен лактоза, кој во најголем дел го има во млекото но и во другите млечни производи. Исхраната со лактоза кај многумина предизвикува тешки стомачни тегоби, а кај некои симптомите се поблаги, па затоа тие ги препишуваат тегобите кои ги чувствуваат, на прејаденост или моментална болка во стомакот. Во ова категорија на интолерантни на лактоза доминираат најмалите кои се осудени на живот без млеко кое за жал го има и во составот на безброј вкусни десерти како на пр. сладолед. Ова го вклучува и чоколадното млеко кое е најомилен пијалак на најмалите а неретко и на возрасните.

dali-ste-intolerantni-na-laktoza-alpsko-i-synlab-vi-pomagaat-za-zivot-bez-tegobi-01.jpg

Но, убаво би било да знаете дека има чаре за вашиот проблем, и дека не мора да се откажувате од млечните продукти кои ви причинуваат задоволство, ниту пак во целост да ги лишувате вашите деца. Дали кафе, смути или порција житарици - сите утрински ритуали во голема мера вклучуваат млеко, па затоа доколку сте се посомневале дека имате некои од симптомите, по консумирање млечни производи, веднаш закажете тест за интолеранција во Synlab - специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема.  Доволна е една капка крв за сите денови да ви се полесни!

Доколку откриете дека сте интолеранти, знајте дека на полиците во сите супермаркети веќе постојат безлактозни производи. Таму може да го најдете и Алпското млеко без лактоза, кое ќе ве ослободи од тегобите и ќе ви даде крилја за полесен ден.

dali-ste-intolerantni-na-laktoza-alpsko-i-synlab-vi-pomagaat-za-zivot-bez-tegobi-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Иван Јованов: „По операцијата 20 дена не можев збор да изговорам, имам психички проблеми“ „Ми беше шокантно, не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам ...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Шминкерот Марјан Петров ја разубави Лепа Брена за концертот во Охрид - сподели фотки од гардеробата ... „Една е Лепа Брена“ - напиша познатиот фризер и шминкер од Струмица, која со год...

Најчитани неделава