Макпрогрес Виница реален пример за еколошка компанија

Грижата за животната средина е обврска на секој општествено одговорен деловен субјект. Секој субјект со своето работење создава и амбалажен отпад, а грижата за него е важен сегмент од заштитата на животната средина.

makprogres-vinica-realen-primer-za-ekoloska-kompanija-01.jpg

Благодарение на соработката меѓу Макпрогрес Виница и Пакомак над 400 тони пластика и хартија во 2018 година беа селективно одложени и однесени на рециклирање, со што значајно се придонесе кон исполнување на националните еколошки цели, и создавање почиста средина за сите нас. Ова претставува само еден сегмент од активностите кои во текот на целата година ги превзема Макпрогрес од Виница со цел еколошки да придонесе кон локалната заедница.

Петти јуни е Светски ден на животната средина, а токму денес овие две компании сакаат да ја истакнат важноста на грижата за животната средина, и да повикаат на уште поголема грижа од сите нас, бидејќи природата е неповратен ресурс и мораме да се грижиме за неа.

makprogres-vinica-realen-primer-za-ekoloska-kompanija-03.jpg

Уште од своите почетоци Макпрогрес има јасна определба да вложува во заедницата каде што работи и живее, а заштитата на животната средина отсекогаш била приоритет. Инвестиравме во соларни панели обезбедувајќи еколошки извор на енергија, кој е обновлив, не загадува, и придонесува директно кон заштита на животната средина. Веќе подолго време имплементираме деловна стратeгија за еколошки разој РРР – Редуцирај, Рециклирај, го преструктурираме Макпрогрес, на што јас лично сум многу задоволен, бидејќи значајно го намаливме своето негативно влијание врз животната средина. Виница, и овој регион, денес е ееден од најчистите во земјава. Чистата животна средина е поврзана со секој аспект на нашето живеење, а долгорочно гледано и со нашиот опстанок, и затоа и понатаму ќе се грижиме за неа, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес Виница.

Да се биде дел од системот на Пакомак подразбира прифаќање на одговорноста за зачувување на животната средина и висока еколошка свест на секоја компанија членка на системот. Пакомак осум години по ред ги остварува националните цели, континуирано инвестира во комунална инфраструктура и реализира едукативни кампањи за подигнување на еколошката свест кај јавноста. Од своето работење до денес Пакомак бележи импозантна бројка на рециклиран амбалажен отпад од 115.541 тони. Од година во година бројот расте и напорите и визиите на Пакомак се во блиска иднина секое домаќинство да го селектира амбалажниот отпад и да се подигне нивото на самосвест за оваа граѓанска должност кај секој од нас. изјави Ико Брдаровски Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

makprogres-vinica-realen-primer-za-ekoloska-kompanija-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава