Промоција за првата преработка од Викторија Чочороска на песната „Јаворе“

Синоќа во Домот на културата во Вевчани, пред драги пријатели, колеги и обожаватели на Викторија Чочороска се одржа промоцијата на нејзината прва преработка на една од најубавите стари македонски песни „Јаворе.“

promocija-za-prvata-prerabotka-od-viktorija-cocoroska-na-pesnata-javore-01.jpg

Аранжманот за песната го направи композиторот Николче Мицевски, а снимена е во студиото ХЛ Момироски во Скопје. Покрај аудио верзијата, публиката уживаше и во промоцијата на видео спотот за песната во изработка на Дарио Јанковиќ и General film production.

Композиторот Мицевски не ги криеше чуствата и радоста од соработката со овој млад изведувач и синоќа во своето обраќање меѓу другото рече: „Чест ми е што сум вечерва во Вевчани и што имам прилика да промовирам песна која со особено задоволство ја сработив за Викторија. Уште првпат кога ја слушнав Вики како ја пее песната Јаворе, од срце поскав таа прекрасна македонска песна да блесне во нов сјај и исклучиво во нејзина изведба и мислам дека заедно успеавме во тоа.“

promocija-za-prvata-prerabotka-od-viktorija-cocoroska-na-pesnata-javore-02.jpg

Викторија Чочороска  е млад изведувач, дипломирала на музичката академија во Скопје, а работи како професор по соло пеење во средното музичко училиште во Струга. Таа како соло изведувач патот во музичките води го започнува како член на КУД "Дримкол" од Вевчани, каде што и денес е активен член во пејачката група Каданка со која неодамна објавија и музичко ЦД на стари традиционални песни, а музиката со силен ентузијазам им ја наметнува и на многу млади дечиња преку креативни музички работилници.

promocija-za-prvata-prerabotka-od-viktorija-cocoroska-na-pesnata-javore-04.jpg

Од нејзините досегашни ангажмани се издвојуваат соло настапите и концертите во рамки на Вевчанско културно лето, ликовната колонија „Вевчански видувања“ соло изведби за театарски претстави, а успешна соработка неодамна оствари и со групата Некст Тајм за песната „Нешто ќе те питам бабо“ за која песна го пее женскиот вокал, а соработува и концертира со дуото Даутовски.

promocija-za-prvata-prerabotka-od-viktorija-cocoroska-na-pesnata-javore-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...

Најчитани неделава