Vip со нова припејд промоција

Незаборавно лето со 10GB интернет, за нови Vip Припејд корисници.

vip-so-nova-prepaid-promocija-001.jpg

Скопје, 06.06.2019г. – Vip продолжува да ја збогатува својата понуда и пред почетокот на летната сезона најавува атрактивна промоција за новите Vip Припејд корисници.

Со новата промоција, новите корисници кои ќе изберат Vip Припејд SIM-картичка од 299 денари со 1 SIM-картичка, или ќе изберат Vip Duo SIM пакет од 399 денари со 2 SIM-картички добиваат неверојатно 10GB интернет.

Дополнително, новите корисници добиваат и неограничени разговори во мрежата на Vip во првата недела од активацијата, 50 денари кредит и пакет Vip Пријатели, со кој корисниците имаат можност бесплатни разговори со сите Vip Припејд корисници за наредните 30 дена.

Пакетите не треба да се активираат автоматски, корисникот ги добива откако ќе ja активира SIM картичката, при што ќе биде известен со SMS.

Вклучените 10GB интернет при првичната активација се со важност за период во првите 2 недели од активирањето, а по истекот на овој период автоматски ќе се активира месечниот пакет со 10GB интернет за 499 ден. и неделниот пакет со неограничени разговори во Vip за 79 ден. Пакетот Vip Пријатели се обновува автоматски по цена од 59 ден.

Воедно, сите постоечки Vip Припејд корисници исто така можат да го активираат Пакетот од 10GB интернет со испраќање на SMS на 1410 со текст START MESECEN 10GB за само 499 ден.

Оваа промоција важи ограничен временски период.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk  

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“ „Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Домашниот автор е во фокусот на програмата на Театар Комедија годинава, буџетот речиси 100 отсто пог... 11 март, Скопје: Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализац...

Најчитани неделава