Домашниот автор е во фокусот на програмата на Театар Комедија годинава, буџетот речиси 100 отсто поголем од лани

11 март, Скопје: Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализација на „Еуродрам 2026“, театарска работилница на Мартин Кушеј и претстави од сопствен буџет, најавува Театар Комедија за годинава.

domashniot-avtor-e-vo-fokusot-na-programata-na-teatar-komedija-godinava-budzhetot-rechisi-100-otsto-pogolem-od-lani-01.jpg

Втор пат овој театар доби делегиран буџет од Министерството за култура и туризам, пракса што започна од минатата година во неколку институции од културата.

Театар Комедија доби 5 милиони денари за проекти, што е за 94.83 отсто повеќе од минатата година.

По претходна согласност на Управниот одбор, Театар Комедија даде согласност финансиските средства да бидат распоредени во следниве пет проекти:

– „Кој сум јас?”, од Митко Чешларов, во режија на Наташа Поплавска (1.500.000 денари);

– „Избраниот”, од Ева Камчевска, во режија на Јане Спасиќ (1.500.000);

– „Боеми”, според Петре М. Андреевски, во режија на Андреј Цветановски, (500.000 денари);

– „Еуродрам 2026“, (1.200.000 денари)

– Театарска работилница

– Мартин Кушеј (300.000 денари)

За меѓународна соработка, за 2026 година е обезбеден буџет од од 650.000,00 денари. Екипата на претставата „Ивона, принцезата на Бургунд” ќе гостува на фестивал во Радом, Република Полска. За одржување на објектите и опремата, за 2026 година е обезбеден буџет од Министерството за култура и туризам од 100.000,00 денари, по претходна согласност од Управниот одбор, даде согласност финансиските средства да бидат распределени за купување опрема.

Од Театар Комедија велат дека доколку дозволат условите, ќе се создадат и неколку претстави од сопствени средства.

Првата премиера годинава ќе биде на 27 март, на Светскиот ден на театарот, а тоа е „Кој сум јас“, во режија на Наташа Поплавска.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Стефан и Мартин од „Некст тајм“ уживаат во Виена - тон љубов од таткото и чичкото за малата Лиана Лиана е центарот на светот на Мартин, но и Стефан не крие дека ја обожава својат...
Мартин од „Некст тајм“ со емотивно видео за првиот роденден на ќерката: „Една година бескрајна среќа... Мартин сподели семејни снимки кои досега не беа јавно објавени - од моментот ког...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...

Најчитани неделава