Подгответе се за Hamilton Ventura

Црно одело, склопени црни наочари, неуролајзер, Hamilton Ventura.

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-01.jpg

„Божиновски часовници и накит“ пред јавноста го претстави официјалниот часовник на Men in Black International: Hamilton Ventura.

Повеќето филмски фанови веднаш можат да го именуваат филмот само по овој опис на основната униформа на Луѓето во Црно (MIB). Hamilton Ventura е исто така есенцијален дел од идентитетот на ликовите во MIB.

Невообичаен, смел и со исклучителен изглед како и карактерите на тие што го носат, Вентура е идеален покажувач на времето за патувачите низ времето кои се борат против вонземјани кои се закануваат за мирот и опстојувањето на земјата и земјаните.

Филмот Men in Black (Луѓето во Црно) се базира на стрип со истото име и беше донесен на големото платно во еден грандиозно спектакуларен стил. Едноставно привлечен филм кој ја ангажира целата свест на гледачот толкуван од два извонредни глумци: Will Smith како Agent J и од Tommy Lee Jones , како искусениот Agent K.

Извонредно цврстите карактери на Агентите Ј и К едноставно побаруваат часовник кој исто така глуми во филмот заедно со нив и претставува лик сам по себе.

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-03.jpg

Македонската публика на предпремиерната проекција на филмот  организирана специјално за гостите на Божиновски часовници и накит, имаше можност од блиску да се запознае со овој вонземски модел на часовници, кои беа изложени во Cineplex.   

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-02.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-04.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-05.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-06.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-07.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-08.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-09.jpg

Hamilton Ventura часовникот помага во приказната со користење на времето како дел од самото сценарио, временски дисторзии, патување низ времето.... и на крај, Агентите секогаш се борат со некој краен рок кој едноставно е невозможен, а секунда потоа... планетата Земја може да исчезне засекогаш. Е во тие моменти, Вентура има главна улога, кога се одбројуваат последните секунди а гледачите седат на ивицата од нивните седишта во нервозно исчекување. И покрај футуристичкото сценарио и неазмисливите справи со кои располагаат, Агентите носат едноставен аналоген кварцен Вентура, и тоа едноставно дава ретро-футуристички искуство за гледачите.

Агентот М (Теса Томсон) е нова актерка на големото платно, но направи храбар избор со оргиналниот Ventura со иноксна основа, со црни стрелки и црно кожно ремче, а Агентот H (Крис Хемсворт) како силен индивидуалист го избра моделот Ventura Automatic, со H10 автоматско движење и кафеави кожни ремчиња.

Познат по својот исклучително необичен облик кој му дава фантастичен изглед, Ventura е перфектен избор за овој филм исто како што беше перфектен изборот на глумците.

Уште од 1932 година Hamilton часовниците се во срцето на холивудската кинематографија. Се имаат појавено во преку 500 филмови и се внимателно избирани  за да го дефинираат карактерот на ликовите и да го подобрат заплетот во филмот, правејќи го брендот своевиден симбол на Холивуд.

Ventura e еден од најпознатите модели на часовници на Hamilton и истиот стана култен после првото појавување во филм со Елвис Присли во 1957 година, а од 1997 година овој модел е дел од впечатливата униформа на луѓето во црно.”, појаснија од “Божиновски часовници и накит“. 

Фотографии од часовникот и сцени од MIB:

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-2-5.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-2-6.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-2-7.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-2-2.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-2-3.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-2-1.jpg

podgotvete-se-za-hamilton-ventura-2-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...

Најчитани неделава