ХАКАТОН - „Креирај игри за најмладите“ #INNO4EDU

Се сеќавате на игрите кои ги игравме во училиште? Се сеќавате на кратките театарски претстави кои си ги правевме на часовите по македонски, или експериментите кои ги правевме на физика и хемија? Да се вратиме малку назад во времето и да се присетиме на сите оние работи кои сме ги научиле преку игра и забава, на училиште или дома, кои оставиле уникатен печат врз она што сме денес. Да се присетиме колку тие активности и игри, всушност, нѐ изградиле во личностите кои сме денес.

hakaton-kreiraj-igri-za-najmladite-inno4edu-001.jpg

Сега имаме можност да се вратиме назад во времето и да им пренесеме парче од нашите спомени и искуства на најмладите.

Како? - Преку креирање игри и кратки активности со образовна содржина, наменети за дечиња од 3 до 10 години.

Каде?  - На три-дневниот Хакатон - КРЕИРАЈ ИГРИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ!

Ги покануваме да се пријават сите креативни гејмери, девелопери, графички дизајнери, артисти и ентузијасти од секаков тип, кои би сакале да креираат игри наменети за најмалите. Пријавувањето може да биде индивидуално или во тим од 3 до 5 учесници.

Хакатонот ќе се одржи од 18ти до 20ти јули во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“.

Ова искуство ќе биде во опуштена и пријатна атмосфера, со многу дружење, можност за стекнување нови знаења и вештини, вмрежување и што е најважно, заедничко креирање на игри за најмилите!

Целта? - Во изработка е нова национална веб-платформа која сакаме да прерасне во дом на голем број материјали за едукација. Платформата ќе биде место каде одделенските наставници, воспитувачи и родители ќе можат да ги пронајдат потребните материјали и инспирација за подобро спроведување на часовите, нови начини на учење преку игра.

Повикот е отворен зa сите наставници, родители, како и за сите оние кои се инспирирани и мотивирани да придонесат кон подобрување на образованието на најмладите и да остават свој креативен белег на оваа платформа.

Сѐ што треба да направите е да пополните апликација на: http://skrati.mk/KreirajIgri

Крајниот рок за пријавување е 07.07.2019 

Овој хакатон е во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.

Повеќе информации на https://www.facebook.com/events/420521905170127/

hakaton-kreiraj-igri-za-najmladite-inno4edu-02.jpg

hakaton-kreiraj-igri-za-najmladite-inno4edu-03.jpg

hakaton-kreiraj-igri-za-najmladite-inno4edu-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Павле Камилоски направи мекици за синот Јосиф - цела вечер играше и пееше со гостите во познат скопс... Пејачот Павле Камилоски направи мекици за раѓањето на синот Јосиф и со многу при...
Американец што го обожава Балканот дојде во Скопје и пееше песна од Тоше: „Ако сте од Македонија, ов... Браво! Американецот Џастис Рид, кој во 2022-ра ја испеа „Црно и бело“ од Калиопи...
Пролетна идила во Градски парк во Скопје: Пикник на трева, прошетка со милениците (фото) Родители со деца, заљубени парови, пријатели, луѓе со своите миленици... Убавото...
Антониа Гиговска, Пере од „Нокаут“: Кои познати Македонци добија дете во 2023-та? 2023-та е година на бебиња во Македонија. Пере од „Нокаут“ доби четврта ќерка, a...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg