„Вива Спарк“ - поинакво газирано освежување со вистинско овошје за топлото лето

На почетокот на долгото и топло лето, македонската компанија „Вивакс“ започна мисија да ги освежи граѓаните со новиот газиран безалкохолен пијалак со премиум-квалитет „Вива Спарк“. Достапен во три уникатни цитрусни вкусови на бел грејпфрут и лимон, црвен грејпфрут и портокал, безалкохолниот пијалaк содржи многу повеќе свежо овошје кое брзо ја згаснува жедта и освежува.

viva-spark-poinakvo-gazirano-osvezuvanje-so-vistinsko-ovosje-za-toploto-leto-01.jpg

„Вива Спарк. Почувствувај ја разликата. Нови. Газирани. Со вистинско овошје“, е слоганот зад новиот производ. Пијалакот е инспириран од сите оние кои се подготвени да се впуштат во нови предизвици, почетоци и победи и e совршениот придружник на сите возбудливи животни авантури. Шишето е со уникатен и модерен дизајн и е специјално креирано со цел да биде лесно за „аутдор“ употреба.

- Следејќи ги желбите и потребите на нашите потрошувачи го создадовме „Вива Спарк“ кој е резултат на непрекината работа на нашиот стручен тим во тек на една година. Во тој период беа дегустирани 200 различни вкусови од кои, на крај, беа одбрани три, односно бел грејпфрут и лимон, црвен грејпфрут и портокал. Од друга страна, за името ревидиравме и тестиравме повеќе од 150 предлози. Нашата цел е постојано да бидеме во чекор со желбите и потребите на нашите потрошувачи кои секогаш тежнеат кон нешто ново, различно и иновативно. „Вивакс“ ги следи светските трендови и располага со најсовремена технологија со која го создадовме овој газиран безалкохолен пијалак со врвен квалитет и со вистинско овошје кој го прави различен од останатите газирани пијалаци присутни на македонскиот пазар  – вели менаџерскиот тим на компанијата.

viva-spark-poinakvo-gazirano-osvezuvanje-so-vistinsko-ovosje-za-toploto-leto-02.jpg

Без разлика дали летото ќе го минете во град, на езеро, море или планина, „Вива Спарк“ ќе го донесе посакуваниот цитрусен вкус кој ќе ви овозможи поразлично освежување. Пијалакот е идеален за сите кои трагаат по бран свежина во топлите летни денови. Пробајте ги и почувствувајте ја разликата која ја носи вистинското овошје!

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Александра Шијакоска секое лето позира среде полиња со сено: „Фала му на Господ за уште едно лето на... Веќе 7 години таа ја прави својата препознатлива фотосесија, па од безгрижна дев...

Најчитани неделава