Тиго Фајнанс е нов ексклузивен партнер на Пасворд Продакшн за претстојната фестивалска сезона

Д-Фестивал оваа година со Tigo Challenge зона

tigo-finance-e-nov-ekskluziven-partner-na-password-production-za-pretstojnata-festivalna-sezona-01.jpg

(Скопје, 11.07.2019) – Финансиското друштво Тиго Фајнанс и продукциската куќа- организатор на едни од најпосетените фестивалски случувања кај нас, Пасворд Продакшн, го најавија своето ексклузивно партнерство за претстојните Д Фестивал, Green Beach фестивал, Таксират и Skopje Beer Fest.

Првиот во низата е претстојниот Д Фестивал кој се одржува викендов на плажите на Дојранското езеро, каде во текот на трите фестивалски дена, во кампусот на фестивалот ќе биде поставена т.н. „Tigo Challenge зона“, каде покрај простор за релаксирање, одморање и дружење, за посетителите ќе бидат понудени и дополнителни активности. Во виолетовата Тиго зона, присутните од водителот на настанот Гораст Цветковски ќе бидат предизвикани да се докажат во некоја од индивидуалните игри, а највештите ќе бидат наградени со уникатни изненадувања.

„Партнерството со Пасворд Продакшн и Тиго Фајнанс дојде сосема спонтано и природно, а како заедничка вредност го идентификувавме единственото искуство што го обезбедуваат обата бренда. Со оваа активност, Тиго Фајнанс ги искажува своите искрени намери и поддршка за создавање и одржување квалитетни содржини за младите луѓе во доменот на музичката уметност и културата. Сигурни сме дека, почнувајќи со Д Фестивал викендов, фестивалите ќе ги имаат своите најдобри изданија досега“, изјави Филип Димитровски, Извршен директор на Тиго Фајнанс.

Годинешниот, деветти по ред Д фестивал, ќе се одржи од 12-ти до 14-ти јули и најавени се повеќе од 50 македонски и странски музички изведувачи. Се издвојува со својот музички профил како и уникатен open-air концепт. Пасворд Продакшн своето реноме низ годините го изгради како издавачка куќа и музички промотор која ги организира најавтентичните музичко-сценски настани и најголемите музички фестивали кај нас и која важи за најактивниот промотор на македонските, но и регионалните, музички уметници на интернационалната сцена.

Повеќе информации за Тиго Фајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk

tigo-finance-e-nov-ekskluziven-partner-na-password-production-za-pretstojnata-festivalna-sezona-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава