Цевитана ги освежува патниците на граничниот премин Богородица

Витаминка и Кожувчанка за оние кои денеска го поминаа граничниот премин Богородица, како и за оние кои ќе го поминат во текот на утрешниот ден, подготвија освежително изненадување – подарок од два природни напитоци - Цевитана и природна Изворска вода со кои патниците можат да се освежат додека чекаат да се завршат граничните формалности. Или, пак, да ги понесат со себе и да уживаат во освежувањето попатно или  додека престојуваат на некое од одбраните места за одмор.

cevitana-gi-osvezuva-patnicite-na-granicniot-premin-bogorodica-01.JPG

Консумирањето на поголема количина на течности е задолжителна и е од исклучителна важност за човечкиот организам во летниот период. Дополнително, дневниот внес на витамини е потребен за правилно функционирање на човечкото тело и е поддршка на имунолошкиот систем.

Токму затоа Витаминка, во соработка со Кожувчанка, решија оваа потреба на патниците кои ја поминуваат границата да ја задоволат со еден ваков подарок. Нашиот познат бренд Цевитана, кој е достапен во седум вкусови (лимон, портокал, манго, ананас, грејпфрут, минт и лимон и лимон и бозел) е освежителен витамински напиток со 9 витамини (А, Б-комплекс, Ц и Е). Три до четири чаши Цевитана, подготвени брзо и едноставно, се сигурен начин за задоволување на потребите и надополнување на дефицитот од витамини во дневната исхрана. Цевитана е напиток кој содржи природни состојки без вештачки засладувачи, бои и ароми. Делотворната моќ на овој популарен витамински напиток е очигледна кај сите возрасти, а особено кај децата.

cevitana-gi-osvezuva-patnicite-na-granicniot-premin-bogorodica-03.JPG

Со освежителното изненадување двата познати бренда денеска им понудија на патниците момент на уживање и освежување посакувајќи им среќен пат и убав викенд надвор од државата. Активноста ќе продолжи и во текот на утрешниот ден кога се очекува голем број патници да го поминат овој граничен премин.

cevitana-gi-osvezuva-patnicite-na-granicniot-premin-bogorodica-02.JPG

Би можело да ве интересира:

Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Сопругот на Антониа Гиговска наполни 28 години – таа го изненади со торта со „Џокер“, најголем подар...  „Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“ - напиша Роберт на фотографија со ...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
Тајзи откри дека ќе стане татко, 4 месеци откако ја запроси саканата: „Господ нè благослови со најуб... „Наскоро ќе станеме родители“ – напиша Тајзи во описот на фотката на која ја бак...
Маја од Охрид цело лето си прави тематски забави со лимони: „Декорации купувам кај нас, инспирација ... „Сè започна со еден роденден во фамилијата - ја декорирав трпезата со жолти тоно...

Најчитани неделава